Во ракометниот натпревар во машка конкуренција тимот на Вардар Јуниор беше противник на екипата на РК ,,Делчево" во рамки на редовното коло во младинска конкуренција. Младите ракометари од Делчево имаа се во свои раце на 5 минути до крајот и речиси сигурна победа, но искуството на тренерот на Вардарци, легендарниот Пепи Манасков можеби беше пресудно да ги мотивира Вардарци да ја надминат негативата пред крајот на мечот и да ја претворат во позитивен исход. На поразот на делчевци влијаеа и промашените зицери, па останува впечатокот дека домашните ракометари испуштија мошне значајна победа која позитовно ќе влијаеше во однос на понатамошната борба за што повисок пласман на првенствената табела. Несреќен пораз изминатиот викенд забележаа и младинките кои исто како и младинците иако добро се носеа со противничката екипа на Ѓорче Петров сепак загубија со 26:29. Ден претходно кадетките беа совладани од екипата на РК ,,Куманово" со 32:26. Следните натпревари екипите на РК ,,Делчево" ги играат на гости.

Најчитано: Флеш- Спорт

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна