Со погодоците на Александар Георгиевски и Дарко Пешовски, фудблерите на делчевска Брегалница го совладаа тимот на Работник, Лозово во рамки на 17 коло од третата фудбалска лига Исток.

Натпреварот кој се одигра на градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Делчево беше одлична прилика „сините“ да се рехабилитираат по високиот пораз кој екипата го доживеа минатиот викенд во Струмица од лидерот на табелата Беласица. Што се однесува до денешната игра во многу нешта домаќините беа подобра екипа од гостите од Лозово и заслужено трите бодови остануваат во Делчево.

Оваа победа ја искачи Брегалница на 7 позиција на табелата со освоени 21 бод од 16 одиграни натпревари. Далеку на првата позиција е лидерот „Беласица“ со 45 зад „Плачковица“ која има 39. На 3 и 4 место се екипите на „Саса“ и „Осогово“ со 34 односно 33 бода. Следниот натпревар кој се игра во недела на 12 март екипата од Делчево ќе му биде гостин на тимот на Тиверија од Струмица.

Најчитано: Флеш- Спорт

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна