Женскиот кошаркарски клуб „Клубски“ го загуби заостанатиот натпревар кој во рамки на првата женска кошаркарска лига на Македонија го играше против екипата на Шкупи.

Во интересен натпревар во салата „Шабан Трстена“, делчевки кои пристигнаа непосредно пред натпреварот, заморни од патувањето во Скопје, загубија со резултат 35 : 59. Најдобра игра тимот на „Клубски“ покажа во третата четвртина која заврши со резултат 9 : 9, додека останатите ги доби противникот, првата со 20:10, втората со 18:7 и третата со 12:9. Како најслаб дел од играта тренерот Љупчо Петровски го истакнува изведувањето на слободни фрлања што го покажува и статистиката која вели дека од 22 слободни фрлања делчевки погодиле само 8.

Она што е добро пак за тренерот Петровски е играта во второто полувреме која на екипата и донесе предност од три поени. Најефикасниот поединец во таборот на „Клубски“ беше младата репрезентативка, Камелија Игнатова. ЖКК „Клубски“ останува во Скопје и тоа заради натпреварот од редовното коло во кое ќе се сретне со лидерот на табелата екипата на „Бадел“. Во следното коло  ЖКК „Клубски“ ќе се сретне со екипата на ЖКК „Пелистер“.

Најчитано: Флеш- Спорт

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна