Со убедливи 9:0 ФК Брегалница Делчево лошо го започна стартот од пролетниот дел во третолигашката фудбалска конкуренција. На натпреварот кој поради реконструкција на фудбалскиот стадион „Младост“ се играше на општинскиот фудбалски терен со вештачка трева во Струмица, Делчевчани тотално беа немоќни да сторат нешто повеќе на гостувањето кај лидерот на табелата и со добар резултат, макар и чесен пораз да се вратат во Делчево. Ако се има предвид дека на првиот натпревар со многу контроверзи гостите славеа во Делчево со 3:2, возвратниот натпревар за фудбалерите од Делчево беше сосем лоша епизода од која ако ништо друго може да се извлече голема поука. Бидејки се работи за прв натпревар во пролетниот дел од сезоната, високиот пораз  ќе биде вистинско предупредување до екипата за увидување на грешките и креирање стратегија како понатаму, а понатаму ќе биде тешко бидејки шансите за висок пласман одамна се изгубени. „Сините“ растоварени од притисокот за висок пласман веќе на следниот натпревар треба да докажат пред љубителите на фудбалот од Делчево, дека сегашната генерација фудбалери иако е на залезот на својата кариера, не е за фрлање и сеуште можат да прикаже добри натпревари со што ќе бидат одличен пример за младите таленти кои допрва доаѓаат.

Најчитано: Флеш- Спорт

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна