Со одигрување на финалниот натпревар заврши државното првенство во футсал за средношколци чиј домаќин во изминатите три дена беше СОУ "М.М.Брицо" од Делчево. Финалето им припадна на средношколците од гимназијата ,,Ристе Ристевски - Ричко" од Прилеп кои по изведувањето на пенали со резултат 5:4 беа подобри од гимназијалците од училиштето ,,Никола Карев" од Струмица.

Претходно во натпреварот за 3 место со резултат 4:1, екипата на средното училиште ,,М.М.Брицо" од Скопје ја совладаа екипата на ОСУ ,,Ацо Русковски" од Берово. Домашната екипа на СОУ ,,М.М.Брицо" од Делчево која ја понесе нагрaдата за фер-плеј екипа, на државното првенство го освои 5-то место во натпревар во кој со резултат 5:4 беа подобри од врсниците од гимназијата ,,Васил Антевски - Дрен" од Скопје. На завршната церемонија медалите на победничката екипа, како и на второ и трето пласираната екипа им ги додели директорката на делчевската гимназија Билјана Петровска. Што се однесува до текот на целиот настан тој во текот на изминатите три дена протече во одлична атмосфера како на организациски план така и во делот на посетеност на турнирот кој беше проследен со голема заинтересираност од страна на љубителите на футсалот во Делчево. Организацијата на овој спортски настан која беше беспрекорна, покажа дека делчевската гимназија има капацитет и во иднина да биде домаќин на големи натпреварувања и во останатите спортови.

Погледнете ја во продолжение нашата галерија на фотографии од настанот.

ozio_gallery_nano

Најчитано: Флеш- Спорт

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна