Еден од најмладите кик бокери член на кик боксинг клубот АС од Делчево, делчевецот Павел Стојчевски, освои два сребрени медали на штотуку одржаниот меѓународен Гран-при куп „Сараево 2017“. Тој медалите ги освои откако ги доби борбите во категоријата поинт-фајт за натпреваррувачи под 28 кг, како и дисциплината лајт-контакт за натпреварувачи под 37 кг. На турнирот во Сараево нашите спортисти кои настапија како WAKO Македонија освоија вкупно 36 медали, а беа прогласени и за најдори на ринг. Делегат на натпреварувањето беше познатиот македонски кик-боксинг судија, воедно и татко на Павел, Љупчо Стојчевски, кој воедно беше и шеф на татами. Инаку под будното око на неговите сестри Елена и Христина кои исто така се познати имиња во кик-боксингот Павел Стојчевски уште од мали нозе се занимава со овој прилично тежок спорт, а досега освен овие медали има освојувано и други награди пред се на државните првенства. 

Најчитано: Флеш- Спорт

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна