Од четврток до сабота СОУ „М.М.Брицо“ за прв пат ќе биде домаќин на средношколското државно првенство во машки футсал.

На завршниот турнир ќе настапат 6 екипи кои беа победници на регионалните натпревари во овој спорт. Покрај домаќинот, СОУ „Методи Митевски Брицо“ од Делчево, за трофејот ќе се борат и ДУФК „Методи Митевски Брицо“ од Скопје, победник од групата Скопје 1, победникот од групата Скопје 2, СУГС „Васил Антевски Дрен, како и СОУ „Јане Сандански“ од Струмица, победник од групата Исток 1, СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ од Прилеп од Запад 1, и СОУ „Кирил Пејчиновиќ“ од Тетово, како првопласиран во групата Запад 2.

Отворањето на турнирот како и почетокот на првиот натпревар е закажан за в четврток од 14:30 часот. Ова ќе биде одлична можност за љубителите на футсалот да проследат возбудливи фудбалски натпревари кои од поодамна и недостасуваат на овдешната публика особено кога се работи за мал фудбал во сала.

Најчитано: Флеш- Спорт

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна