Во недела 19.02.2017 година во Делчево се одбележа 73 годишнината од реализацијата на февруарскиот поход во 1944 година. По четвртти пат традиционално, во чест на овој значаен историско-воен настан во организација на општина Делчево и Градоначалникот Дарко Шехтански, се одржа планинарски марш на планината Голак.

Учество на маршот зедоа над 60тина учесници од вкупно 15 здруженија, организации и групи на граѓани од повеќе општини во Државата.

Пред спомен плочата на Февруарскиот поход во Туристичкиот локалитет Голак по повод настанот членовите на КУД "Гоце Делчев" Делчево одржаа пригоден говор за значењето на самиот настан. По што претставници на Општина Делчево, здруженија и институции положија свежо цвеќе во чест на херојството на учесниците во Февруарскиот поход во 1944 година.

За крај на настанот на учесниците во планинарскиот марш од страна на претставник на општина Делчево им беа доделени пригодни благодарници за учество на овој традиционален настан.

За наредната 2018 година се најавува мал јубилеј (5 години) откако започна да се реализаира оваа манифестација во 2014 година по иницијатива на Градоначалникот Шехтански.

ozio_gallery_nano

Најчитано: Флеш- Спорт

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна