Во првиот контролен натпревар пред почетокот на пролетниот дел од сезоната екипата на делчевска Брегалница одигра мирољубиви 1:1 со незгодниот противник екипата на ФК "Малеш" од Берово.

Екипата од Делчево подобрата игра на почетокот на натпреварот ја претвори во водство со погодок на Александар Георгиевски кој успешно го искористи киксот на гостинскиот голман и стрелаше прецизно за 1:0. Во вториот дел гостите изедначија со погодок кој го постигнаа пред истекот на втората третина од мечот. Интересно за одбележување во рамки на овој натпревар е повторниот настап на дел од поранешниот играчки кадар на ФК Брегалница Делчево меѓу кои и фудбалерите Илчо Шиндев, Ангел Вучевски и други фудбалери кои во годините наназад беа носечки двигател на играта на екипата, а и во продожението на сезоната се очекува да дадат свој придонес во насока на подобрување на бодовниот скор на табелата во третата фудбалска лига - Исток.

Најчитано: Флеш- Спорт

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна