Момчето кое своите почетоци ги направи во ФК Брегалница Делчево, младиот и надежен фудбалер, Христијан Христов, својата кариера ја продолжува во редовите на второлигашот А.О „Ксанија“ од Крит.

Христов кој е поранешен фудбалер на „Еуромилк“, член на младинските школи на „Металург“ и „Вардар“ и досегашен фудбалер на третолигашки клуб од Швајцарија потпиша договор на шест месеци, период кој би требало да биде доволен да ги покаже своите квалитети и на некој начин да и помогне на екипата да го подобри бодовниот скор на табелата кој засега според позицијата на табелата изгледа мошне загрозувачки. Исто така овој трансфер за младиот Делчевец би бил и огромна шанса за негов понатамошен личен напредок. Инаку, освен што своевремено беше најдобар стрелец во младинските лиги каде освои многу титули, Христов е и голем хуманист. Тој во месец јуни минатата година организираше хуманитарен настан за помош на малиот Матеј од Делчево.

Најчитано: Флеш- Спорт

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна