Со одигрување пријателски натпревар на 17 март против екипата на ФК „Малеш“, фудбалскиот клуб „Брегалница“ Делчево ги продолжува подготовките за пролетниот дел од сезоната во третата фудбалска лига - Исток.

 

Натпреварот кој е закажан за 15 часот ќе биде одлична можност за проверка на формата на екипата која по подобрувањето на временските услови започна со одржување на редовните тренинзи на градскиот стадион “Гоце Делчев“. По првиот дел од сезоната делчевските фудбалери со освоени 18 бодови се наоѓаат на 7 место, позиција која ја обезбедија со постигнатите 5 победи и 3 нерешени средби од вкупно 12 одиграни натпревари при што 4 пати екипата беше совладана.

Натпреварот в петок со Малеш ќе биде можност и за реванш на „сините“ кои на првата средба во рамки на есенскиот дел од првенството загубија во Берово со 2:1. Инаку пролeтниот дел од првенството во третата фудбалска лига Исток ФК „Брегалница“ Делчево ќе го започне со натпревар на гости и тоа против екипата на Беласица, екипа која е лидер по првиот дел од сезоната.

Најчитано: Флеш- Спорт

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна