Кошаркарките на ЖКК Клубски ја забележаа првата победа во рамки на 7 првенствено коло од првата женска кошаркарска лига на Македонија. Во возбудлив натпревар на паркетот во Кавадарци, делчевки доминираа во текот на сите 4 четвртини од натпреварот и со целокупно залагање на сите поединки успеаа да си заминат непоразени од незгодното гостување.

Најефикасни во екипата на Клубски беа Камелија Игнатова со постигнати 26 поени,12 скокови и 7 асистенции, Јана Глигорова која забележа 17 поени,10 скокови и 6 асистенции, додека меѓу поефикасните беше и Викторија Панова која имаше учинок од 13 поени, 4 скокови и 4 асистенции. Во листата на стреклците се запишаа и Александра Филева која уфрли 9 поени од кои две клучни тројки, а притоа имаше и 5 скокови и 3 асистенции.

Добрата одбрана на Елена Цинцовска со 12 скокови под кошевите и даде цврстина на екипата која и тоа како беше пресудна за самиот резултатски развој на натпреварот. За одбележување се и настапите на Георгина Витановска, Теа Пешовска, Ефтимија Димитрова, Матеја Златкова, Валентина Лазовска,и Моника Дончевска, девојки кои ја опрвадаа минутажата која им ја даде тренерот на екипата Љупчо Петровски,. Во следното осмо коло екипата на ЖКК Клубски ќе се сретне со 5 пласираната екипа на Шкупи. Ако се суди по прикажаното од денешната игра љубителите на кошарката од Делчево може да се надеваат на нов успех и втора победа на делчевки.

Најчитано: Флеш- Спорт

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна