Делчевецот Никола Орлов кој е член на кошаркарскиот клуб Баскет-Кам заедно со своите врсници од македонската кошаркарска репрезентација до 16 години ја забележа првата победа во рамки на пријателските средби во Истанбул, Турција каде славеа над тимот на Анадолу Ефес со 64:54.

 

Како дел од репрезентацијата, Никола Орлов ќе одигра уште два натпревари, првиот се игра веќе денес, овојпат против реномираниот прволигаш од Турција, екипата на Дарушафака, додека уште еден натппревар со Анадолу Ефес ќе биде одигран на 12 февруари. Инаку, Никола кој од оваа година запона со средно образование е еден од најмладите членови на македонската кошаркарска репрезентација до 16 години. Во репрезентацијата беше повикан поради своите добри игри за екипата на Баскет-Кам, а освен ова гостување во Турција изминатата година беше дел и од силниот кошаркарски турнир кој се одржа во Италија, а на кој учествуваа тимовите на Кхимки од Русија и Баерн Минхен од Германија.

Најчитано: Флеш- Спорт

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна