Со планинарска маршрута долга 6 км до планината Голак, членовите на ПСД Голак Делчево го одбележаа својот 3 роденден. Друштвото моментално брои 43 членови од кои последниот член ја потпиша својата пристапница на почетокот на февруари оваа година.

За друштвото изминатата 2016 година беше една од поуспешните, бидејки беше година во која беа реализирани 23 планинарски маршеви, а со поддршка на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија беше одбележана и првата планинарска патека во Делчево.

- Нашето друштво ја достигна бројката од 43 членови од кои последниот се зачлени на почетокот на месецот, истакна Љупчо Чучуковски, претседател на друштвото кој додаде дека за нив е многу важно што како дел од планинарското друштво најмладиот член Давид Чучуковски изминатата година по втор пат ја доби државната стипендија „Спортска надеж“. 

За Чучуковски 2016 беше доста успешна година за ПСД Голак.

-Тоа беше година во која реализиравме голем број на планинарски активности, а како поважни ги истакнувам летањето со параглајдери со дел од членовите, 23 планинарски маршеви кои ги организиравме заедно со планинари од земјава и странство како и одбележувањето на првата планинарска патека во Делчево активност која се реализираше со поддршка на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија, рече претседателот на ПСД „Голак“ Делчево.

Согласно годишниот план за работа за 2017 година од друштвото најавуваат продолжување со активностите за едуцирање на младите за планинарството како спорт, а оваа година планирани се спроведување на неколку обуки за таканаречената горско-спасителна служба. Инаку, изминатата година беше повеќе одуспешна и за самиот претседател кој од страна на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија го доби престижното признание „Даре Џамбаз“, награда која се доделува за најистакнати поединци кои работат на популаризација и развој на планинарството во Македонија.

Најчитано: Флеш- Спорт

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна