Во првото коло од продолжението од сезоната во Првата женска кошаркарска лига на Макеоднија, екипата на ЖКК „Клубски“ од Делчево беше совладана од екипата на ЖКК „Струга 2009“ со резултат 47 : 67.

Во заостанатиот натпревар кој требаше да се одигра на 24.12.2016 година, но од  оправдани причини беше одложен, кошаркарките од Струга беа подобар противник доминирајки во текот на целиот натпревар. Она што беше позитивно за екипата од Делчево е целокупното залагање на младите кошаркарки кои дадоа се од себе да заминат непоразени, но се што успеаа да направат е чесен пораз од кој сигурно ќе извлечат поуки за нивниот понатамошен настап во рамки на кошаркарското првенство.

Младата и талентирана екипа со својот настап во Струга покажа дека има потенцијал во иднина да се носи со екипи од калибарот на ЖКК Струга, но и брзо да се врати во играа едно од највисоките места кои беа загарантирани за екипата во минатото кога екипата од Делчево го има освојувано Купот на Македонија  во неколку наврати играше и во финалето од плеј - оф натпреварите и се бореше за шампионската титула.

Најчитано: Флеш- Спорт

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна