Во организација на РК Делчево се одржа првиот меѓународен ракометен турнир - Делчево 2017. Покрај организаторот на турнирот учествуваше екипата на Торо Спорт од Виница,  а меѓународен шмек на турнирот му даде екипата на Интер од Благоевград, Р.Бугарија.

-Се надеваме дека овој турнир ќе прерасне во традиција и од година во година љубителите на ракометот ќе гледаат се подобри и подобри ракометни натпревари во Делчево, истакна Горан Велков, тренер на РК Делчево. За гостите ова беше прилика да се продлабочи соработката со домаќините додека за младите ракометари турнирот беше одлична можност за здобивање со нови искуства кои ќе им послужат во понатамошниот дел од нивниот развој на полето на ракометот.

- Вашите ракометари доста добро се покажаа одиграа добар натпревар и ние исто така, истакна Анати Митев од ракометниот клуб Интер.

- Овие турнири се доста важни за нашите понатамошни настапи и ќе ни помогнат да влеземе подготвени за она што не очекува во кадетската лига во која се натпреваруваме, рече Мирче Милчевски, член на домашната екипа.

Инаку ,во првите два натпревари РК Делчево со 21:20 беше подобар од екипите на Интер и Торо Спорт додека во последниот натпревар благоевградчани беа подобри од екипата од Виница совладувајки ги со еден гол разлика. По завршувањето на турнирот организаторот на уесниците на турнирот Делчево 2017 им додели благодарници.

Најчитано: Флеш- Спорт

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна