Светските медиумски и информативни куќи се "запрепастени". Војвотката од Кембриџ неодамна се случи по трет пат да го обчеќе истото розаво палто на патувањето кон Кавентри.

-"Одам во банка, за да се информирам за париве од ДИК што се случува, доаѓа еден човек, сиротиот смрзнат, го држи детенцето за рака...."

Оваа фото монтажа превземена од Твитер многу наликува на хипокризијата која е присутна во Македонија веќе подолг временски период.

На денешната прес конференција на Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Миткко Јанчев беше објавено дека пратениците од пратеничкиот состав на ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати во Парламентот да се спротивстават на насилното донесување на противуставниот закон за употреба на јазиците во Република Македонија.

Стрип јунакот на кој под неговиот дивјачки и воинствен чекор  се тресеа најголемите и најмоќните царства во времето на невиден мистицизам и јунаштво 10.000 години п.н.е., повторно си доаѓа на своето.

Познатиот Македонски карикатурист Миро Георгиевски на свој сатиричен начин преку карикатура ја идентификува главната болка во Македонското политичко милје.

Актуелната политичка ситуација во Македонија опишана со една карикатура:

Оваа слика на Балканот речиси е невозможно да се види.

По синоќешниот натпревар на ракометната репрезентација на Македонија која изгуби убедливо против репрезентацијата на Шпанија, твитер беше извориште на голем број аргументи која е причината зошто загубија нашите ракометари.

Колку пати ви се случило да земете да сечете или да ја отстранувате кората на калинката, а притоа да направите мал хаос.

На денешната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ беа дискутирани следните точки:

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска излегоа со обвинување дека власта наместо да штеди така како што ги лажеше граѓаните во предизборните периоди, таа напротив влегува во уште поголеми трошоци за институциите.

loading...

Овој пат овие зголемени трошоци се однесуваат на зголемиот број на потпретседателски места во Парламентот, за кои значително се зголемуваат исплатите од државниот Буџет за нивни плати, надоместоци, трошоци и репрезентација.

Интегралниот текст го пренесуваме во целост:

-Почитувани,



СДСМ продолжува со расипничкото трошење на народните пари. Не ги интересира ништо друго освен измислување на нови функции и дебело наградување на послушниците со пари од буџетот.

Одлуката да се именуваат пет наместо актуелните три потпретседатели на Собранието не значи ништо друго освен дополнителен трошок за граѓаните.


Месечниот трошок за еден потпретседател на Собранието на РМ по основ на плата, асистент, секретарка, возач, гориво, репрезентации и други трошоци изнесува 225.000 денари или приближно 4000 евра. За двајцата нови потпретседатели кои власта има намера да ги воведе, тоа се дополнителни скоро 9000 евра месечно или 300 евра дневно, средства кои може да се вложат во здравството или образованието или да се искористат за отворање нови работни места.


Ако земеме во предвид дека 5 потпретседатели на Собранието годишно ги чинат граѓаните 240.000 евра, за четири години, тие ќе ги чинат граѓаните приближно 1 милион евра или скоро за двојно повеќе од тоа што претходно било трошено.


Почитувани граѓани,


Лицемерието на неспособната власт на СДСМ кон граѓаните стана редовна пракса во нивното функционирање. Едно говорат, а друго прават. Наместо да го намалуваат непродуктивното трошење, тие го зголемуваат. Наместо да го намалат бројот на министерите, тие го зголемија. Наместо да го намалат буџетот, тие го донесоа најголемиот досега. Едно ветуваа, а друго прават.


Доколку СДСМ сакаа да намалат од трошоците, тие немаше да назначат наместо три, пет потпретседатели во Собранието на Република Македонија.


Ова е чист доказ, како функционира лицемерието на СДСМ. Пред да дојдат на власт зборуваа дека премногу се троши, а сега не само што не ги намалуваат трошоците, туку и ги дуплираат. Пред да дојдат на власт велеа дека ќе ги намалат ставките патни трошоци, за да подоцна во Буџетот за 2018 година ги зголемат од 650.000 евра на 1,3 милиони евра. Да потсетиме дека ова е највисокиот расипнички буџет во историјата на Република Македонија во висина од 3,5 милијарди евра.

СДСМ со ова недомаќинско работење и трошење на народните пари за личниот луксуз и хедонизам, се изживуваарт врз граѓаните и ја водат државата кон амбис од кој нема враќање назад. Не се во прашање 5, 10 или 20 денари, туку недомаќинско трошење на милиони евра пари на граѓаните.


Очигледно животот кој го ветуваа, беше наменет само за врхушката на СДСМ.

Стои во обраќањето на Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ

loading...

Во продолжение Ви претставуваме еден автентичен египетски метал бенд кој преку своја ориентална специфика пренесува пораки од глобално значење за човештвото.

На вчерашната прес конференција од штабот на ВМРО-ДПМНЕ излегоа со обвинување кон владеачката СДСМ која со воведувањето на данокот за додадена вредност за сите граѓани во државата, всушност вовердува двојно оданочување, кое пак е во спротивност на лажните ветувања од пред изборите во 2016 година.

Секогаш актуелен и содржаен, македонскиот карикатурист на свој начин навива за нашите јунаци. 

Македонската ракометна репрезентација вечерва во Вараждин го продолжува вториот циклус од натпреварувањето на европското првенство кое што се одржува во Хрватска.

Во средината на минатиот месец балканската музичка легенда Ѓорѓе Балашевиќ на својот јутјуб канал објави своја нова музичка композиција издадена после подолго време.

Ако сте се запрашале што друго има во Либан освен пустина, тогаш одговорот е "жежок" Doom-метал звук.

Пред точно една недела на нашата фејсбук страна ги запрашавме нашите редовни читатели:

Пред 11 месеци во силината на најмасовните и долготрајни граѓански протести на граѓанската иницијатива "За заедничка Македонија" нашиот врвен ракометар Кирил Лазаров кој ги полни головите на противничките мрежи на актуелното европско првенство во Хрватска, на фејсбук напиша:

Мотив од црквата "Св. Атанасиј Михаил" во село Нов Истевник.

Поглед кон десната комора на пештерата "Коњска дупка" во село Град.

Поглед од исток на влезот од пештерата "Коњска дупка" кон тврдината "Градиште" во село Град.

Од авторското перо на белгискиот карикатурист Лук Дешимејкер (Luc Descheemaeker) повторно излегува нова карикатура кој третира глобална тема...

...

Пред два дене излезе новиот спот за песната Калеидоскоп (Kaleidoscope) на светски познатиот бенд Машин хед (Machine head).

Овој млад делчевец, кој што се наоѓа на работа во Италија, своите работни часови покрај во работа ги поминува и во вежбање на својот талент. Овој пат реши тоа да го сподели јавно со сите Македонци ширум светот на својот фејсбук профил.

loading...

Пораката е едноставна.... Но многу силна!

loading...

Една слика многу зборови.

Ние овде имаме цела приказна пренесена низ фотографии...

...

Најубав пример дека денот по утрото се познава е денешното празнување на Светото Богојавление "Водици" во Делчево. Прекрасно зимско сонце со препознатлива утринска свежина специфична за убавината на нашето Делчево, уште од изутрина ги галеше двата брегови на реката Брегалница. А самата река како да предосеќаше дека ќе биде главен актер во она што денеска требаше да се случува.

Свештениците при храмот „Успение на Пресвета Богородица" Делчево по повод големиот христијански празник Богојавление- Водици, ги известуваат сите верници кои ќе земат учество во фаќањето на светиот крст да достават потврди од матичните лекари за нивната здравствена состојба до свештенството при храмот.

Допаминот е главната хемикалија за предизвикување на т.н. "задоволство" во мозокот што е единствен невротрансмитер одговорен за зголеменото ниво на ментални и физички процеси.

Со денешниот нерешен резултат против Европскиот ракометен шампинон, репрезентацијата на Германија, нашите репрезентативци го освоија првото место во групата Ц и се единствена репрезентација што во наредната фаза од првенството пренесуваат 3 бода.

Последниот натпревар од групната фаза на натпревари во групата Ц во која игра Македонската репрезентација на актуелното ракоментно европско првенство во Хрватска започнува во 18.15 минути.

На попладневното обраќање на Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов беше пренесена информацијата за непотпишување на (како што кажа) против уставниот закон за употреба на јазиците во Република Македонија.

Отворено писмо до Јан Столтенберг, генерален секретар на НАТО:

Во изјава на интервју за Алсат-М телевизија лидерот на ДУИ, Али Ахмети го спомна нашиот град Делчево.

Клаус Питер е Австриски карикатурист кој живее и работи во Виена. Како академски графичар, активно се занимава со карикатура а неговото портволио на работа е особено импресивно во поглед на квалитетот и бројноста на создадените дела

Според член 120 од Уставот на Република Македонија, можното пристапување на Република Македонија за членство во воениот сојуз НАТО мора да биде усвоена со референдумско изјаснување на граѓаните на Република Македонија.

По неодамнешното интервју на Министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров со грчки новинар во кое што Министерот му беше поставено прашање поврзано со спорот за името на Република Македонија,, Риската амбасада во целост го пренесува делот од интервјуто кој што се однесува на оваа проблематика.

Луѓето сакаат обични нешта.
Топлина, нежност, поглед без зборови, црвенило на образите...
...

Популарната документарна серија "Космос" се враќа на телевизиските екрани со нова сезона на епизоти. Телевизиските мрежи National Geographic Channel и  Fox ја имаат нарачано втората сезона на научниот документарен серијал, кој што ќе следи по сиријата од 1980-тите, "Космос: Лично патување" (“Cosmos: A Personal Voyage”) со Карл Сеган (Carl Sagan). 

Повторно астро физичарот Нил Дигрис Тајсон (Neil deGrasse Tyson) ќе биде домаќин на серијата, а премиерата е закажана за пролетта 2019 година.

Погледнете го краткиот трејлер со најавата за серијата

loading...

Понекогаш класична музика може да биде и забавна. Се зависи од начинот на перцепција на нештата, а уште повеќе од нивото на интелект и образование на поединецот...

...

На првата своја одржана седница Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ беа разговарани повеќе актуелни политички состојби во државата кои сметаат дека се против унапредувањето на животот на граѓаните.

Oд ВМРО-ДПМНЕ реагираат за почитичкиот прогон спроведуван преку правосудните органи од страна на власта врз пратеници, уметници, полицајци, и други лица.

-"Целта на политичкиот прогон е замолкнување на секаква критика и ширење на страв меѓу народот и сите кои мислат поинаку, ваквото однесување на актуелната власт е недемократски чин и не придонесува за нормализирање на политичката состојба во Република Македонија" се пренесува од страна на официјалниот интернет портал на партијата.

loading...

Исто така остро констатираат дека со носењето на неуставниот јазик за двојазичност и ратификацијата на асиметричниот договор со Бугарија, со кој се брише македонската историја се докажуваат штетните антидржавни политики на СДСМ, на кои што тие како партија предупредувале пред изборите.

-"Ваквите политики ја редефинираат Република Македонија и нанесуваат штети на долг рок, кои нема да може да се надоместат."-констатирале на седницата на Извршниот комитет на партијата.

Исто така "ИК на ВМРО-ДПМНЕ го осуди политичкото насилство на СДСМ манифестирано преку стотици отпуштања од работа, деградирања и раскинувања на договори. Со ваквиот начин на работа, актуелната власт ја враќа Македонија назад во времето на мрачната транзиција кога не постоеја никакви норми, а единствен критериум некој да добие работа или да го задржи своето работно место не беа професионалноста или квалификациите, туку слепата послушност кон политичкото водство."

ИК констатираше дека практично не постои ресор во кој што Македонија не назадува и заклучи дека треба да се изготват соодветни стратегии со кои партијата ќе се спротивстави на уништувањето на земјата кое на крајот паѓа на товар на сите граѓани.

loading...

Утринава со свое обраќање до јавноста во врска со постапката за донесување на неуставниот закон за употреба на јазиците во Република Македонија излезе пратеникот и доскорешен координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Македонското собрание.

Неодамна на јутјуб почнаа да се појавуваа ретки досега необјавени аудио записи од ултра популарниот алтернативен-рок бенд Нирвана. 

По изгласувањето (ратификацијата) на Договорот за добрососедство меѓу Република Македонија и република бугарија во Македонскиот парламент две работи се јасни:

  1. Македонија се откажа со дел од својата историја во која фашистичките окупаторски сили на бугарската држава во минатото одземале човечки животи и материјални добра на територијата на денешна Македонија (тогашното Кралство СХС);
  2. Благодетите на овој штетен Договор по однос на Македонските национални интереси и уште поважно историската вистина Македонските граѓани многу тешко дека ќе ги почувствуваат, а единствено ќе остане горчината во грлото на самосвесните Македонци за проголтаната гордост и ограничената слобода, во име на некои си т.н. "европски" вредности.

loading...

Да не се разбереме погрешно: отвореноста на границите, европските хуманистички перспективи, граѓански концепт, миграција на знаење, пракса, искуство, материјакни добра и луѓе е нешто кое што од Бога ни е загарантирано право. Проблемот е што ваквите вредности некој во минатото ни ги има одземено (повторно во име на тогашните "ЕУ"-вредности) кога исто така гинеле луѓе и биле уништувани цивилизициски придобивки.

Ниту овој пат со оваа т.н. ЕУ и НАТО перспектива на Македонија, не е ништо поразлично. Македонските вредности веќе се ставени на клада и пополека една по една се потпалуваат, за на крај да бидеме сведоци на уште една хистерично-вавилонска оргија на невиден оргазам, после кој ќе се разбудиме во комшискиот кревет од каде ќе бидеме избркани (а може и глава да скинеме) под присила на оружје, насилство и варваризам. Со одземен дел од суверенитетот и огромен дек од досегашниот (каков-таков наш си е) начин на живот.

И да....

Доаѓаат два пропагандистички мегафони со две реченици на твитер, кои што ни кажуваат дека Овој договор со бугарија е за доброто на Македонската ЕУ перспектива.




Готово!

Ви поверувавме!

P.С. Договорот е ратификуван без присуство на најголемата плитичка партија по бројност во Македонскиот парламент. Со тоа е доведена во прашање неговата имплементација и легитимност, што дополнително придава вредност на кризна состојба која наместо да биде решена, создава дополнителни проблеми и внатредржавни поделби.

loading...

По завршувањето на вечерашниот натпревар на европското првенство во ракомет помеѓу репрезентациите на Република Македонија и Црна Гора, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ упати честитка до нашите репрезентативци.

Вечерва на европското првенство во ракомет кое што се одржува во Загреб, Република Хрватска, Македонските репрезентативци ја совладаа селекцијата на Црна Гора со резултат 29:28.

Том Холанд познат по улогата во светскиот мега хит "Spider-man- Homecoming " на реалното шоу "SPIKE's Lip Sync Battle" се претстави со две кореографии и сценски адаптации на познатите песни "Singing in the rain" од актерот и пејач Дин Мартин и "Umbrella" од познатата американска пејачка Ријана.

На ова реално шоу познатите поп личности од индустријата за забава (филм, музика) се натпреваруваат помеѓу себе со сценски кореографии и надсинхронизирано движење на усните, во забавен стил како нивните оригинални изведувачи.

loading...

Инаку Том Холанд по успехот во филмот Spider-man (Homecoming) во продикција на MARVEL, ќе има свое враќање во костимот на Тони Старк (ака Ironman) во филмот на браќата Russo- "Avengers: Infinity war" кој што е закажан за премиера за 25-ти април оваа година.

Како сето тоа изгледаше на сцената погледнете во следното видео:

Во среда 17.01.2018 година со почеток во 12.00 (на пладне) ќе се одржи литературен портрет на авирмираната македонска сатиричарка Ленче Стоименова.

Како промотор на творештвото на авторката, ќе биде нашиот сограѓанин афористичарот Миле Ѓорѓијоски.

Настанот ќе се одржи во Порта Македонија во реализација на Националната установа Музеј на Македонската борба од Скопје..

Влезот за настанот е слободен.

loading...

Во недостиг на официјални натпреварувања во меѓусебните дуели на репрезентациите меѓу Македонија и Црна Гора, Во неофицијалните контролни натпревари помеѓу овие две ракометни целекции забележлив е максималем позитивен учинок на страната на нашата репрезентација.

Фронтменот и пејачката на мега популарната ирска поп-рок група Делорес О-Риордан (Dolores O’Riordan) почина на 46 годишна возраст.

Впечатоците од овогодинешната Ѕвегорска сурова, веројатно никогаш нема да бидат комплетни. Она што беше видено, се она што беше прикажано од страна на посветените ѕвегорски суроваскари, веројатно ќе остане приказна за паметење и раскажување за секој посетител посебно, толку колку што можел да види и да забележи.

Ако денот по утрото се познава кај сите останати, во село Ѕвегор денешниот ден по вчерашниот се позна'. Затоа што секоја година на 13 Јануари во доцните ноќни часови се прават последните подготовки за она нешто кое се очекува цела година.

На синоќешниот ракометен натпревар против ракометната велесила Словенија преку фотографија илустрираме што точно се случуваше на теренот.

На почетокот на второто полувреме распоредот на силите на теренот беше 6 Словенци против 3-јца Македонци. И со ваков распоред на силите нашите, јунаци ја извојуваа првата значајна победа на ова европско првенство кое за Македонија веруваме дека ќе биде историско. Оваа илустрација е доказ дека спортот (ракометот) е игра пред се на срце и волја а после се друго.

Ако на ова слика се додаде дека помалубројната Македонска публика во салата во однос на Словенската, целосно им го расипа расположението на словенските навивачи и публика покрај малите екрани, со своето надалеку прочуено страствено навивање, тогаш впечатокот за нас Македонците е навистина повеќе од блескав.

Светки познатиот карикатурист Миро на најубав начин ја доловува актуелната состојба на односи помеѓу народот и политичките елити во државата. 

Секогаш актуелен и секогаш на врвот на задачата.

Понекогаш во животот единствено малите нешта можат да му вдахнат вистинска смисла на човечкото постоење.

Она што е прикажано во овој краток анимиран филм во продолжение тежи многу повеќе од сите холивудски блокбастери заедно.

Затоа погледајте го анимираниот филм и стоплете си ја душата во овие студени зимски ноќи.

Во видеото во продолжение погледнете ги најкреативно изведените пенали некогаш видени во фудбалот.

Понекогаш случајно но не помалку интересни.....

loading...

Во Парламентот на Република Македонија неделава зад нас помина законот за употреба на јазиците во Република Македонија со што де факто се воведува двојазичност на територијата на цела држава. По огромниот број на реакции како на социјалните мрежи така и помеѓу граѓаните директно, се наметнува дилемата за дискусија колку е оправдано донесувањето на овој закон особено во општини како што е Делчево и поголемиот дел на соседни општини.

Секој од нас во себе носи заборавени спомени коишто бавно нè следат на патот кон она што допрва доаѓа. Некои спомени нè одминуваат во сегашноста, демнејќи нè во иднината и трпеливо чекајќи го погодниот момент.

Протетичките екстремитети најчесто се создадени за функционалност, а не за изглед. Иако ова е логично, сепак може да биде проблем за луѓето кои сакаат да изгледаат модерно. Затоа, канадската компанија „Alleles“ се погрижила за тоа.

Сè повеќе и повеќе луѓе се одлучуваат за овој начин на исхрана. На некои целта им е да го подобрат своето здравје, а други пак сакаат да ја заштитат природата. Еден извештај покажал дека од 2016-та година до сега, значително се зголемила побарувачката за растителни производи.

Неодамна научниците открија дека растенијата можат да ја апсорбираат енергијата од другите растенија. Поради ова откритие, целиот научен свет може да биде превртен. Овој факт нуди докази дека и луѓето можат да апсорбираат енергија едни од други слично како и растенијата.

Според универзалниот закон за гравитација, секои 2 тела се привлекуваат едно со друго, а токму ова нè држи „закачени“ за Земјата. Но, дали е вистина дека постојат места во светот каде што овој закон не важи? Погледнете ги 5-те места на Земјата каде што гравитацијата како да не постои.

Си живеел еднаш еден богат трговец со дијаманти. Но, тој не бил само трговец, туку и голем филозоф и мудрец. Еден ден тој седел со своето друштво, кога слугата го известил дека недостасува еден многу скапоцен дијамант. Кога го чул тоа, трговецот ги затворил очите за миг и потоа изустил:

Секогаш нека ти остане нешто што си го посакувал.

Само така нема да станеш несреќен поради самата среќа.

Телото сака да дише, а душата да копнее.

Тој што има се што сака, се разочарува во се и станува незадоволен.

Дај ми снег.

Планина.

Сино небо и блескава белина.

Уморни нозе, смрзнати дланки и вжарено лице.

Врел чај од сушени боровинки.

Сендвич направен набрзина, со што се нашло.

Љубов и слобода!

Дај!

Вреден историски видео документ во кој познатиот канадски активист и борец за правата на Македонците Џон Битов со аргументи се спротивставува на грчките тези за постоењето на Македонскиот народ, Македонската држава и воопшто Македонското постоење.

Приказната за Дамокловиот меч е многу кратка, но интересна и поучна. Дамокло бил еден од најблиските и најлојалните соработници на Дионисиј Постариот, тиранот кој владееле со Сиракуза во Стара Грција. Дионисиј живеел во раскошен дворец, бил многу богат и влијателен, а со своето држење предизвикувал стравопочит кај сите негови поданици.

Картите се поделени, коцките само што не се фрлени, влогот е голем и коцкарите се на потег.

Педесет години по издавањето на неговиот антологиски незаборавен деби албум за март 2018 година е најавено постхумно издание на нов албум на Џими Хендрикс.

Компилација од необјавени снимки на песни од Џими Хендрикс од периодот помеѓи 1968 и 1970 година лои што се воедно и последните години од животот на оваа музичка легенда ќе бидат објавени под името "Both sides of the sky" (Двете страни на небото).

Изданието кое што ќе содржи 10 претходно необјавени и воопшто непреслушани песни од од Џими Хендрикс е најавено да излезе на 9-ти Март 2018 година.

"Двете страни од небото" е трето продолжение во постхумната трилогија на албуми од Џими Хендрикс, кое што следува по изданието во 2010 година насловено како "Долини на Нептун" (Valleys of Neptune) и изданието "Луѓе, Пекол и Ангели" (People, Hell and Angels) од 2013 година.

Продуценти на новиот албум на Џими Хендрикс е Еди Крамер (Тон инжинер кој работел цело време со самата легенда на снимање на неговите албуми) заедно со Џон Мекдермут и Џени Хендрикс (сестрата на Џими Хендрикс).

Колку е ова значајна и по малку неверојатна информација за сите Вас?

loading...

Кога некогаш на човек ќе му се пристори животот мошне тежок, неправеден и суров, сетете се секогаш дека може и подолу од она кај што сме сега.

На свој автентичен начин Дунавка Трифуновска на своите фејсбук пријатели им ја честита новата година со фотографија аранжирана токму во нејзин стил.

/p>

Од поодамна Дунавка е позната во јавноста по својот моден настап на Мис Гранд Интернашнал во 215 година каде ја претставуваше Македонија.

Погледнете го видеото од нејзиниот настап во продолжение.

Ова видео побуди лавина реакции во јавноста тогаш и за истото беа направени и повеќе пародии од некои јутјубери.

Во новиот музички клип за песната "Прости ми мајко" на Влатко Алексовски, зачната е вечата болна тема на гастарбајтерскиот живот на нашиот народ.

Најчитано: Флеш- Спорт

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна