Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ излезе со шокантни податоци и информации за економските состојби во државата.

На својот фејсбук профил Христијан Мицкоски излезе со информации според кои рецесијата во државата продолжува да се зголемува со длабок негативен пад во втората половина од тековната година.

Опаѓа исто така индустриското производство, градежништвото назадува исто така, трговијата и транспортот се во катастрофално лоша состојба.

Во продолжение проследете го целиот статус превземен од фејсбук профилот на професорот Мицкоски:

Рецесијата во Македонската економија продолжува и се продлабочува: Високо-фрекфентните економски показатели укажуваат дека рецесијата во Република Македонија ќе продолжи и ќе се продлабочи во третиот квартал од 2017 година (прв квартал 0% и втор квартал пад од -1,8%).
 
Негативен тренд кај индустриското производство Q3, -2,4%. 
Негативен тренд кај извршени градежни работи во Q3, -15%. Но, уште повеќе загрижува податокот за договорени градежни работи за следниот период. Тука падот изнесува цели 20%, што е индикатор дека градежништвото ќе биде во слободен пад и во следниот период. 
Негативни се податоците и кај трговијата на мало Q3, -1%, што укажува дека граѓаните  почнуваат помалку да трошат. 
Катастрофална е состојбата кај превозот на стока кај товарниот патен превоз и воздушниот превоз Q3, -10%. 
Позитивни се податоците единствено кај туризмот (а ги критикуваа субвенциите кога беа во опозиција) и кај авионскиот превоз на патници (нови аеродроми и субвенционирани ефтините летови).
Сите овие податоци укажуваат дека БДП во Q3 ќе биде негативен. 
 
Поминаа 6 месеци од оваа влада, економијата е во слободен пад, државата се осиромашува, корупција царува, терор врз опозициската мисла, притвори за родољуби, распродажба на националните интереси, понижување и омаловажување, катастрофални локални избори и што ли уште не..., доста е, знам дека со оваа хунта ќе биде тешко но мораме да успееме, мора на овој ужас да му ставиме крај, тоа им го должиме на нашите семејства, пријатели..., тоа и го должиме на татковината...
...

Понекогаш (а тоа е многу често во последно време) не е доволно маж да заврши одредена работа. Тогаш женската моќ стапува на сила и работата бива завршена точно така како што треба.

Домаќинки, мајки, сопруги, работнички, општествени дејци, свеста на еден народ, богатство на карактери...

Нашиот свет со овие жени е секако поубаво место за живеење! Во нашата редовна рубрика "Балканска афоризница" ви ја претставуваме гордоста на балканската лига во сатира во целосно женска постава:


stoimenovalence resize

Партиски клуч е најдобариот калауз.

Ленче Стоименова


sailovicdeana resize

Јавните набавки се резултат на вкрстување на приватизацијата и проституцијата.

Деана Саиловиќ


veljovicpavica resize

На слепите не им смета мракот.

Павица Вељовиќ


cvetanovaljupka resize

Колку повеќе ве газат, толку поцврст ви го прават темелот.

Љупка Цветанова


aristomarkovicmarina resize

Најмалку штета прават политичарите што завршуваат онаму кај што ќе започнат.

Марина Аристо Марковиќ


petkovicsandra resize

Го препознавме проблемот. Беше маскиран во одлична прилика.

Сандра Петковиќ


kjurchiskanatasa1 resize

Кога одмара полицијата, одмараат и кардците. Ризично е да се краде без заштита.

Наташа Ќурчиска


karagicnada resize

Полиграфот е нова мерна единица за интелегенција.

Нада Караџиќ


pashicdragana resize

На мојот праг на толеранција, не може секој да си ги брише нозете.

Драгана Пашиќ


raicevicmarina resize

Ако е нормално да се лаже и краде, нас ни фалат ненормални луѓе.

Марина Раичевиќ


Кај нас на Балканот се чини покрај глупоста и универзумот трета бесконечна работа е политиката. 

Некој некогаш рекол: "Не роди ме мајко и фрли ме на буниште. Зошто политичар може да ти станам!". 

Почитувани наши читателки и уште попочитувани читатели... Или беше обратно...? Впрочем како и многу обратни работи во нашето Балканско (читај "карпесто") секојдневие.

cotrica

Тој криминалец е повеќекратен повратник. Во парламентот.

Александар Чотриќ


tolevskiv

Подготвени сме за трета светска војна. Имаме и бело знаме.

Васил Толевски


nikolicj

Претходната власт за десет години не донесе до дното.

Новата секој ден докажува дека може побрзо.

Јово Николиќ


dolinskiv

Не е мудро да се зборува додека се јаде. Сигурно е озвучен контејнерот.

Витомир Долински


otasevic gjorgje

Платив со глава. Благодарение на попустот ми го вратија едното уво и три заби.

Ѓорѓе Оташевиќ


karadaki

Полицијата ги чува само ситните криминалци. Крупните си имаат своја гарда.

Иван Карадак


gjergovikjrade

Во Балканската кафеана порачаното убиство побрзо стигнува од порачаната скара.

Раде Ѓерговиќ


siljanovski ljupcho

Тие просто гинат на работното место. Никаде не можеш да ги најдеш.

Љупчо Силјановски


gjorgjijoskim

За разлика од политичарите јас не смеам да јадам гомна. Немам имунитет.

Миле Ѓорѓијоски


vlahovic vladislav

Не се плашите од природна смрт. На Балканот тоа е ретка појава.

Владислав Влаховиќ

Денеска на 64 годишна возраст почина еден од гитаристите и основач на хард-рок бендот AC/DC. Малколм Јанг (Malcolm Young) е постариот брат на водечкиот гитарист на светски познатиот бенд , со кој заедно во 1973 го оформија и го издигнаа на врвот на светската слава во изминатите повеќе од 40 години работење на овој бенд.

Она што убавиот збор може да го поврзе ништо не може да го раздели.

Она што сатирата може да обедини, многумина сакале да го негираат. Постојано и повторно не успеале.

Затоа од денеска имаме особена чест да претставиме една нова пракса на повлекување на сатирични трансверзали до сите мередијани од светот. Трансверзали кои почнуваат од Македонија (се разбира).

Денешната трансверзала е од Вардар до Владивосток...

Уживајте или мачете се. Кој како!


tolevskiv

Политиката е најдобар очен доктор

Кај неа и најголемиот слепец прогледува.

Васил Толевски, Македонија


todorovmilan

Неодамна се сретнав со нашата историја.

Толку се измени, што не ја препознав.

Милан Тодоров, Србија


sidorovsergej

Неодамна се сретнав со нашата историја.

Толку се измени, што не ја препознав.

Сергеј Сидоров, Русија


 

simics

Во Собранието може секој да влезе.

Тоа е јавна куќа.

Слободан Симиќ, Србија


 

shohjervladimir

Луѓето раскажуваат бајки,  затоа што не можат да поверуваат во стварноста.

Владимир Шојхер, Русија 


dolinskiv

Не барајте луѓе на други планети.

Овде се уште шансите се, за нијанса, поголеми.   

Витомир Долински, Македонија


 

 

Ако насекаде околу вас се будали,  вие сте, значи, централна.

Јевгениј Кашејев, Русија


cotrica

Господ го созададе светот.

А требаше да се испроба на нешто поситно.

Александар Чотриќ, Србија


gjorgjijoskim

Ме плашат оние што мудро молчат. 

Долго време уста не отвараат .

Миле Ѓорѓијоски, Македонија


 

Едни аплаудираат  затоа што немаат глави, а други за да не ги изгубат.

Аркадиј Давидович, Русија


Кина и се е можно!

Првата трансплантација на човечка глава е успешно спроведена на човечко тело во Кина, како што објави италјанскиот професот Серџо Канаверо.

Еве еден типичен пример на филм кој што се наоѓа во не толку гламурозната холивуудска продукција на блокбастери.Безпретенциозно дејство, кое вози низ целиот филм.

Доста лепење плакати наопаку !!! Па не сме неписмени "мајке ми".

Синоќа по 7 години во Делчево кино салата повторно беше "културно прибежиште" за неколку стотини граѓани (главно млади) граѓани од градот.

Washington D.C., 2079……Со овие акроними започнува филмот за кој многумина ке кажат дека не е ништо посебно, туку само уште една типична холивудска трансмисија преку големото платно, до консументите кои лакомо апсорбираат се што ке им се сервира.

За водачите се испеани многу песни, многу приказни се раскажани, многу книги напишани. А сепак никогаш доста! Во животот на обичните "смртници" отсекогаш било потреба да се создаде стереотип на човек кому ќе бидат препишани сите придобивки на едно успешно реализирано време. Но исто така Водачот бил тој кој требало да биде "исвиркан" од толпата ако нешто не е во рамките на нормалната контрола и очекувања. 

Основната моќ на афоризмите не е да не' насмеат, туку да ни помогнат да се вратиме од патиштата кои не водат никаде.

Смеењето е попатно гратис да не ни биде досадно кога се враќаме. Во денешното прво вторнично издание на рубриката Македонска афористична ризница започнуваме со десет одбрани македонски автори на слободна тема. 

Рубриката ќе се емитува секој вторник на нашиот интернет портал. Изборот на афоризми е на Миле Ѓорѓијоски а карикатурите на авторите се создадени специјално за оваа намена од страна на неповторливиот карикатурист Миро.

Уживајте, смејте се ако смеете и мислете како да се вратите....

...

-"Така ами како, дајте нешто вакво Про Македонија да го карактеризира духот на Македонците, Националното чувство. Како што може да видиме овие "Шарените" од Западот и нивните владини, невладини организации решени се да го сотрат не само Македонсиот Национализам туку воопшто на целиот Балкан, секако со помош на домашни сервилни предавници кој веќе се продале за пет банки. Пробуваат да не програмираат сублимално преку пропагнда и нивните посебно овие новите Педерски серии финансирани од Педерското EU знаменце или со "модерен" сленг LGBTQ, за некој си виши нивни идни цели, но се заебале пошто Истокот не е исто што и Запад. Се надевам дека овој проект не е еден од тие. Држ се Македонијо."

Oва е еден од коментарите под видеото објавено на yputube што претставува промотивен трејлер за новата македонска серија насловена едноставно "Македонија".

Погледнете го промотивното видео и очекувајте ја серијата. Веруваме дека ќе има што да се види.

Џез музиката нема своја долгорочна традиција на опстојување во Делчево, а уште помалку во регионот околу Делчево. Егзистенцијализмот на нашата периферна општина го има направено своето во изминатите повеќе години на недефинирана "транзиција" која не успеа да дефинира автентичен културен oд' кој ги одбележа изминативе две ипол децении.

Секако културата не би била култура ако биде униформна и истообразна. Градењето на еден културен идентитет на одредено време не мора да значи уникатна дефинираност во одредени рамки, и секако за да дојдеме до ситуација на еден модерен "Леб и сол", сепак во културната база е потребно респространо поле на кое ќе изникнат културните никулци на одредена епоха. Структурните државни политики базирани на комерцијални принципи без никаква претходна макотрпна и упорна работа на обезбедување на широк вариетет на индивидуални приказни на што е можно повеќе индивидуалци и цели инсталации на културни организации во областа на културата. Тие се само јалова желба да се постигне нешто што е на мускули извајано и секогаш таквото "чедо" се претвара во кич т.е. наместо на белег на тоа време станува своевидна гротеска од која и самите нејзини креатори ќе почнат во најмала мера да се срамат.

Уметноста не е во парите, не е во беспрекорните услови за работа...

Уметноста е вештина подгреана со љубов и дух. И како таква треба да се негува во нејзината изворишна форма.

Сето ова погоре кажано ме наведува само по себе да продолжам со моите импресии за концертната панихида со гротескниот епитаф на она што досега  беше униформна и "by the book" културна понуда на изминатово време од две ипол децении.

Гледајќи и слушајќи со каква леснотија но и жестина и љубов се кали вистинско модерно џез остварување на делчевската скромна дрвена сцена во Спомен домот АСНОМ во Делчево,  која којзнае колку опинци ја имаат изгазено досега, слободно можам да кажам дека Македонското небо има родено толку многу ѕвезди на препознатливост на темното културно небо кои одвреме навреме блеснуваат и повторно срамежливо се повлекуваат.

Концертниот почеток беше резервиран за воведничарите Fiеrce кои наговестија солидно што е тоа за што е дојдена делчевската публика оваа вечер во ладната "АСНОМ" ска сала во центарот на градот. Како по сценарио од нотна книга се качија дечките на сцена, си ја одработија својата работа и заминаа.

Она што остана впечатливо во нивниот настап беше се чини преголемата доминантна улога на дувачката секција ( сакс и труба), а многу малото искористување на гитарата, која повеќе имаше улога на аранжер-пополнувач на песните отколку вистинска џез гитара енергија. Хармонијата и ритам делниците беа ОК но недостигаше поголема независност и лидерство во гитарските делници. Саксот и трубата во улога на фронтмени на бендот се одлично но сепак ќе кажам дека оваа нивна доминација во песните на моменти е штетна за генералниот впечаток за едно вистинско џез остварување.

Сепак ова е релативно млад бенд кој допрва очекуваме да го слушаме и гледаме под опскурното џезерско македонско небо. Сепак како претходница на артилерискиот напад на звучните сетила на буквално недиференцираната (за џез) делчевска присутна публика, беше совршен модулатор за насочување на сетилото за слух.

Петорката MusiQ беше мое лично откровение за состојбите во кои има западната нашата национална  културна понуда дефинирана од предусловите и очекувањата од почетокот на овој мој текст-мини рецензија. Ова што го доживеав како комплетен пакет на бендовска интерпретација беше мноооогу-многу повеќе од она што бев подготвен да го восприемам во изминатата тмурна и секојдневна петочна вечер со огромна доза на  недостаточна провинцијалистичка еуфорија и монотонија.

Шаренило од енергија, креација, перфекционизам, шарм, среќа, монолитност и пред се добра забава....

Вака некако од денеска започнувам да ги градам моите лични критериуми за зрелост и одговорност кон се она што еден поединец и уште повеќе колектив го работи. 

Шареноликоста на индивидуализмот поврзан во сижето на композициите кои беа отсвирени за мене изгради едно возвишено чувство на гордост а истовремено и срам. Гордост затоа што сум дел од една приказна која сакам да ја препрочитам уште многу пати и тоа на светските познати, признати и реномирани џез изданија на фестивали и воопшто медиуми, а усрамен од моето дотогашно мрзеволие и безсознание за постоењето на ваков скапоцен кристал во македонскиот музички етер.

Да не беше овој настан веројатно никогаш и немаше да дознаам за виртуозноста на петтмината блескави индивидуалци во својот занает, кои внесоа (барем кај мене) еден релативно нов поглед кон нештата. 

Ритам секција беспрекорна дури и еуфорична. Само басистот помалку да се крие зад звучниците на сцената! Лудило! Впечатлив особено позитивен момент на тапаните е ненајавеното преминување од ритам во ритам и тоа за повеќе тактови одеднаш. Оваа убавина делува особено свежо и совршено е избалансирана аранжерски со премините од такт во такт со различна тактна вредност.

Само тапаните и басот од оние 40% од MusiQ да ги слушнев оваа вечер за мене ќе беше доволно за да заминам среќен од концертот.

Но, не!

Останатите 60% од бендот се она што оваа навидум секојдневна петочна вечер, ја лансираа во еден од незаборавните моменти за еден подолг период за мене лично. Клавијатура со раскошна хармонија, комотно да ја разгали и најкрутата душа на планетава. И притоа да прозвучи со една духовна нишка на Македонска толина низ џез звук и динамика... Преубаво.

Вокалот на Калина беше приказна за глорификација сам за себе. Истренираниот и искусен глас комотно може да излезе на сцена со далеку попознати вокали во меѓународни рамки и притоа солидно да парира со своите вокални можности, распон и дијапазон на скали, ритмика, динамика и хармоничност.

Она што паѓа како впечаток од пеењето е фактот што и покрај тоа што ритмиката на ритам секцијата и гитарата верглаат во типичен џезерски неправилен ритам и динамика, вокалот им дава една заедничка нишка на поврзаност и мелозвучност што на моменти бендот звучи рокерски и поперски. Дефинитивно ова се комерцијални вредности но бендот мора да направи напори да си остане доследен на својата џез провиниенција, бидејќи тоа е делокругот на работа од каде почнуваат да се градат незаборавните и вечни приказни.

А таму на вечните полиња и ридови каде гладијаторски се гине, има место за јунакот на вечерта. Да, почитувани мои, тоа е вечната гитара која само малкумина вдахнати со вонвременски дар на осет и вештина можат да го прикажат она што беше отсвирено оваа вечер во делчевскиот центар за култура.

Занесеност, префинетост, строгост, дефиниран звук и високо стилизирана идентитетска форма на изразување беа гламурозна енергија тогаш кога требаше во композициите, но и верен следбеник, поддршка и ветар во грб на останатите колеги во бендот, тогаш кога беше неопходно.

Така се свири гитара! Одмерено, безпретенциозно и во функција на бендот, за формирање на една комплетна слика на незаборавност.

За крај на оваа моја мини рецензија ќе се осврнам на дејноста на организаторот на овој насушно-потребен настан (не само во Делчево). Добро е што Здружението На Џез Музичари и Слободни Уметници егзистира и работи (иако не сум многу запознаен со нивната дејност), но имам една посебна порака што мислам дека ќе биде од позитива за оние малкумината кои сакаат да доживеат една различна културна доктринација од она што многумината се навикнати:

-Треба многу-многу повеќе муабет за џез музиката и џез културата воопшто во јавност. Поттикнети и иницирајте дебати, средби, дружења, интер-соработка со останати префинети уметности и процеси, разговори, критики и полемики. Изданија во оваа дејност нема ни за лек! Она што му недостига на нашето општество е токму тоа. Убавина која иако е тука, никој не ја гледа, слуша, сеќава. Убавината на вашата одржлива работа.

Таа убавина овозможува промена на подобро, насекаде за сите.

За крај ќе споделиме неколку аматерски видео снимки од настанот, за кои однапред се извинуваме за лошите перформанси, но веруваме дека се во функција на се она погоре кажано во текстот.

Уживајте:

cotrica

 "

"Најтешко е да бидеш она што си. Човек."

Александар Чотриќ
"Нашите глувци се емотивно врзани за бродот! Не го напуштаат ни кога тоне." tolevskiv
 Васил Толевски

 

simics

 "Ние не си го бараме ѓаволот, туку си го бираме." 

Слободан Симиќ

"Очигледно е дека сме библиски народ. Како да сме правени од кал." 
dolinskiv
Витомир Долински
popoviczt

 "Се убиваме за ситни пари. Не сме матријалисти" 

Зоран Т. Поповиќ

Живеам во тешка илегала. Никој не знае дека – постојам!

karadaki
 Иван Карадак
nikolicj

"Држиме чекор со светот. Воопшто не застануваме зад оние што се последни."

 

Јово Николиќ

"Јазикот за заби! И тоа е некој вид месо."


polazarevskiv
Ванчо Полазаревски
otasevicg

"Свети Петар остро го критикува купувањето на факултетски дипломи.

Поради некои хирурзи мора да работи прекувремено."

Ѓорѓе Оташевиќ
"Нема што да бараме во Европа. Ние тука се изгубивме." gjorgjijoskim
 Миле Ѓорѓијоски

 


cotrica"Најтешко е да бидеш она што си. Човек."

Александар Чотриќ


 

tolevskiv"Нашите глувци се емотивно врзани за бродот! Не го напуштаат ни кога тоне."

Васил Толевски


 

simics"Ние не си го бараме ѓаволот, туку си го бираме."

Слободан Симиќ


 

 popoviczt"Се убиваме за ситни пари. Не сме матријалисти"

 Зоран Т. Поповиќ


 

karadaki

Живеам во тешка илегала. Никој не знае дека – постојам!

Иван Карадак


 

 dolinskiv

"Очигледно е дека сме библиски народ. Како да сме правени од кал."

Витомир Долински


nikolicj

"Држиме чекор со светот. Воопшто не застануваме зад оние што се последни."

Јово Николиќ


 

otasevicg

"Свети Петар остро го критикува купувањето на факултетски дипломи.

Поради некои хирурзи мора да работи прекувремено."

Ѓорѓе Оташевиќ


 

gjorgjijoskim

"Нема што да бараме во Европа. Ние тука се изгубивме."

Миле Ѓорѓијоски


 

polazarevskiv

"Јазикот за заби! И тоа е некој вид месо."

Ванчо Полазаревски


 

Дали многумина од Вас сметаат дека бекатон плочките неоправдано се премногу скапи и можат да си ги дозволат само побогатите?

На 29.05.2014 година пред летната сцена во центарот на Делчево се одржа показна вежба на припадниците на батаљонот за почести на Армијата на Република Македонија.

Дали би го голтнале овој балон прикажан на сликата само за да изгубите дел од вашата прекумерна тежина.

Во спомен домот АСНОМ во Делчево во малата концертна сала се случиле голем број на јавни настани: културни, граѓански, политички, едукативни и работни.

Во петок 10.11.2017 година во салата на Спомен домот АСНОМ во Делчево ќе се одржи целовечерен концерт на изведувачите Фиерсе (Fierce) и МузаиКју (MusaiQ).

Во својот последен коментар на својата фејсбук страна професорот Љубомир Цуцуловски од Филоизофскиот факултет во Скопје изнесе еден саркастично "непристоен предлог" за името на нашата држава.

Имено  професорот Цуцуловски налага државата да се нарекува Република Ништо.

Прочитајте го неговиот коментар во продолжение целосно превземен од неговата фејсбук страна.

Некаде во летото 2011 година (25.07.2011 година, поточно) по некоја детерминирана игра на "случајности" за првпат мојот пат ме однесе во селото Костин дол-Македонска Каменица.

Уште на почеток би кажал дека поубав панорамски поглед од ова село во целиот регион нема! Секој кој има можност нека појде во ова Пијанечко село и нека ужива во прекрасните гео-морфолошки амбиентални обележја кои се присутни во ова поднебје како никаде на друго место.

Бидејќи бевме најавени, домаќинот на доживувањето кое ни претстоеше, веќе беше "на нога" и со насмевка и возбуда не пречека во својот двор. Ова преубаво катче кое се отвори пред мене слободно можам да кажам дека е едно уметничко ателје и уметнички перформанс на отворено.

Официјалниот дел од муабетот со Манаско го започнавме онака како што личи: со музичка увертира на ќемене.

Прашања многу малку можевме да поставиме, затоа што човекот се си кажа.

Она што беше забележливо од целиот негов муабет, беше карактеристичниот индивидуален концепт и воопшто начин на изразување на овој народен уметник. Во него се чини е собрано цел еден живот на едно мало парче дрво во ликот на неговото ќемене преку кое се надоврзуваат мноштво на приказни и асоцијации.

Страница посветена на Манаско Васевски во печатениот каталог на ќеменџии од Пијанец-регионот, "Потрага по ќеменето" во издание на ЗРА Пијанечки глас од Делчево.

 

На ќеменето на Манаско има изгравирано две букви "Аг" и една "пајажина".

Буквите го изразуваат хемискиот симбол на среброто. Затоа што ова ќемене за Манаско е навистина "Сребрено". 

Пајажината пак на ќеменето ја изразува неговата постојана желба и умисла тоа ќемене постојано да свири, да не биде оставено на некоја полица или обесено на некоја греда по луќи, за да фати пајажина туку постојано на него да се свири.

А млади за да свират на ќеменето нема ни за шега. Сите се заминати по странство-како што милува да каже Манаско.

Белата маица која што ја носи со "USA" натпис на неа... И тоа е поврзано со една негова длабока и лична симболика. Манаско смета дека стратешкото партнерство на Македонија е најблиско со американскиот народ и затоа тој како што кажува тие се единствениот народ низ историјата кој има нешто помогнато на нашиот Македонски народ.

Манаско од Костин Дол има и своја лична порака до младите: -"На младите им порачувам да си ја сакаат татковината, да си ги сакаат обичаите и да ги прифанат овие наши песни и ора. Така мош да флееме у Европа, иначе не мош да флееме со гитарите и саксафоните."

Ќеменето има магична моќ да ги лекува болните. Свет од постела сам дигал да видат и малку им поминуваа болките. Рече -леле Боже не сам 50 години слушал ќемене, и се подигне човеко на нозе. -Телото не ни е болно, на нас ни е умо болен, со длабока размисла говори овој народен деец.

За ќеменето пак вели: -"Од Пресека до Стамер, поминах ги сите ќеменџии. Сите ќеменџии со различни дименазии, кај какво е дрво имал токаво ќемене е наприл. ама бучат като стршоље у ралуп ", по што ги дефинира идеалните димензии на едно ќемене по негови мерки.

Во целата уметничка "мака" му помага и неговата "баба"-така ја нарекува сопругата, која иако не е многу стара сепак за него е баба.

Остатокот од мудроста и уметноста на Манаско од Костин Дол може да ја погледнете на сл. видео во продолжение.

Видеото е превземено од DVD изданието на ЗРА Пијанечки Глас од Делчево, во кое се прикажани сите живи кеменџии од Пијанец, посебно Делчево, посебно Македонска Каменица. Традицијата како дел од иднината, кое е објавено на youtube....

Во дворот на куќата на Манаско Васевски може да се забележат голем број на уметнички предмети од природно потекло, кои што за нивниот "стопан" секој за себе раскажува своја посебна приказна и значење 

Самите овие уметнички предмети, тоа е богатство и дух кој што без Манаско се само безлични креатури на природата. Но со фантазијата, умислата и перцепцијата на Манаско секоја од тие фигури се претвара во нешто многу повеќе!

За што станува збор и за какви предмети може да се забележи на фотографиите во продолжение, а само ќе го споменеме стариот змеј кој држи стража над Калиманско поле и ден и ноќ од дворот на Манаско во Костин дол.

Нема доволно зборови кои што можат да го опишат се она што го забележав тој далечен летен ден во сега веќе далечната 2011 година. Тој ден остана да живее во моето битие нераскинливо и да расте со некаква чудна магија и убавина.

Ова се приказни, дејанија од кои едноставно не се заборава времето поминато во прегратките на оваа наша горда и преубава земја. Приказни кои ќе се раскажуваат многу после нас, со жар и убавина на ниво на легенди и преданија.

Ова што го видов тој ден сигурно е впишано во времето за навек, низ дрвјата, грмушките и самиот воздух.

Чичко Манаско-драг пријателе, каде и да си, ти благодарам на убавината подарена тој ден.

И ќе завршам со неговите зборови: -"Македончиња каде и да сте дружете се пејте и свирете."

ozio_gallery_nano

-"Кога велам "Македонија"-мислам на еден огромен театар со разно-разни завеси.
Завеси во различни бои и нијанси, од кои додека едната се крене, друга се спушта, за понекогаш да се преклопат повеќе една преку друга.
Глумците глумат, музиката врви, сцената наместена, светло, суфлер, костими, сценарио, режија, публика... И таму некаде на маргините на влезот, чичкото кој продава карти и оној кој ги кине картите на влез....
Кога велам "Македонија", мислам на надеж дека имаме ум и разум пред се!"

На youtebe сервисот е објавен промотивниот трејлер за краткометражниот филм "Коливо" на Андреј Волкашин Илиев-млад режисер по потекло од Делчево.

Вилмот беше сниман во село Град пролетта оваа година, по што потоа влезе во продукција под режисерската палка на Андреј.

Не дека од овој албум започнува историјата или дека г-динот Ингви Малмстин ке ви ја открие смислата на животот преку ова прекрасно музичко остварување, но албумот навистина го симболизира духот на името со кое е насловен:
ДА! Ангели на Љубовта...
Топлина, големина, симболика, атмосфера достојна за почит. Лектира која треба да се прочита и препрочита.
За момците кои носат по некој ангел во срцето вреди да го купат овој албум (или да го симнат од нет-јас го симнав) и да и го подарат на таа личност, за заедно да го слушаат и ...цензурирано. Сепак супер сликовница и верувајте не е за мали деца.

Tracklist

1 Forever One 4:50
2 Like An Angel 6:05
3 Crying 6:02
4 Brothers 6:01
5 Memories 4:10
6 Save Our Love 6:18
7 Ocean Sonata 6:14
8 Miracle Of Life 4:32
9 Sorrow 2:52
10 Prelude To April 4:42
Label:
Rising Force Records ‎– RFR-CD-2
Format:
CD, Album 
Country:
Released:
Genre:
Style:

Со секој нов албум Coldplay стануваат се подобри и подобри. Многу ми се допаѓа како овие млади господа безпретенциозно ја решаваат иконографијата на албумите и звучат се поразлично и поиновативно на секој нареден албум, но сепак низ сите нивни албуми од почетокот на нивната кариера, па до оваа последна работа, го запазуваат оној безвременски звук на грандиозност и големина кој недостига кај повеќе современи автори. Дефинитивно ова е бенд кој треба да се слушне во живо.

Tracks:
01 - Life In Technicolor.mp3
02 - Cemeteries Of London.mp3
03 - Lost!.mp3
04 - 42.mp3
05 - Lovers In Japan-Reign Of Love.mp3
06 - Yes.mp3
08 - Violet Hill.mp3
09 - Strawberry Swing.mp3
10 - Death And All His Friends.mp3

Нино Рота (анг.) Nino Rota ....

Најголемиот "мафиа man in between the musica прекрасна". Името сигурно на овој човек многу и не ви значи ама филмот, си велите едноставно совршено. Танцувајте, танцувајте ООООО ветришта на минатото. Денес се живее зошто вчера сонцето заборави да застане
Молчешкум поткраднувам по некој звучен бран од траките покрај кои застана славното его на вечниот господин КУМ Марлоне Корлеоне, за никогаш да не замине онаму каде сите сме тргнати.
Што, да не помисливте Смртта?
Не бе батки. Не сум толку фаталист. Сакав да кажам, на средба со судбината, што и да значи тоа. Пријатно слушање драги забавњаци, турбо фолкери и други. Мачете се, а за другите уживајте.

Коj ке се осмели да напише рецензија за албум на U2 ???
Јас сигурно НЕ!

Не е можно момците од Битола на кои не им е ладно, зиме да шетаат по боксерки на Широк сокак во овој град, да прават се уште вака добри песни... Вака би размислувал песимист кој на некој начин пораснал со културната транзиција во македонски рамки во последните 20 и кусур години.

Што ги спојува љубителите на виното и артистите? Одговорот е очигледен: Виното. Уметноста на виното не ја претставува уметноста на пиењето, туку создавањето на една од најуникатните и најнепредвидливите уметнички форми кои постојат.

Книгите се еден од најголемите изуми на човештвото. Неколку зборови на страна, и вашите мисли, знаење и емоции стануваат бесмртни. Секој кој ќе ги прочита ќе знае што сте мислеле и што сте чувствувале кога сте ги пишувале. За жал многу книги се изгубени низ историјата, а на оваа листа ќе ги најдете 10-те најневеројатни книги кои не го издржале тестот на времето.

1. „Inventio Fortunata“, записи од Арктикот

Во средината на 14-тиот век, еден непознат свештеник отишол на неверојатно патување. Тргнувајќи од Оксфорд, Англија, свештеникот патувал до Арктикот и станал првиот Европеец кој ја документирал оваа област. За време на патувањето, тој ја напишал „Inventio Fortunata“ (Среќно откритие или Откритие што носи среќа), и му ја покажал на кралот Едвард Трети во 1360-тите. Иако се верува дека биле направени барем 6 копии на книгата, денес нема ниту една. Познато е дека книгата му била раскажана на Џејкоб Кнојен од друг свештеник, кој пак запишал дел од раскажаното во неговото дело „Itinerarium“ (Мапа) од 1364 година. Пред да исчезне и оваа книга, еден картограф од 16-тиот век, Герард Меркатор, добил една копија која ја користел како основа за неговиот атлас кој бил издаден во 1569 година. Во атласот имало и цитат во кој бил опишан Северниот Пол:

„Помеѓу 4-те држави има голем вир во кој се празнат морињата кои го делат северот. И оваа вода се спушта во Земјата како некој да ја истура. Широк е 4 степени од секоја страна на Полот, и веднаш под него има карпа сред морето. Нејзината површина е речиси 33 француски милји и е направена од магнетен камен.“
Се разбира, Северниот Пол воопшто не изгледа вака, па од овде настанува прашањето: Дали овој свештеник навистина постоел и дали навистина го посетил Северниот Пол?

2. Хомеровата „Маргит“, првата влијателна комедија

Хомер е најпознат по поемите „Илијада“ и „Одисеја“. Овие епови имаат огромно влијание на писателите низ целиот свет и се проучуваат 1.000 години по нивното пишување. Но првата поема на Хомер била „Маргит“ (Margites) и ја напишал околу 700-та година пред нашата ера. Не се знае какво било патешествието на главниот лик Маргит, но благодарение на Платон имаме некаков увид за неговиот карактер.

„Тој знаел многу работи, но сите лошо.“

Исто така е познато дека Маргит не бил сигурен дали раѓаат мажите или жените и му било страв да спие со својата сопруга во случај таа да ѝ каже на мајка му колку е лош во кревет. Аристотел верувал дека Хомер ја започнал новата ера на комедијата, па дури и дека влијанието на „Маргит“ е исто како она на „Илијада“ и „Одисеја“ во трагедијата. Иако постојат некои фрагменти од ова дело, поголемиот дел е засекогаш изгубен.

3. „Карденио“, Шекспирова драма

Кога „Дон Кихот“ била преведена и донесена во англиските продавници во 1612 година, Шекспир веднаш ја купил и почнал да работи на нова драма – „Карденио“ (Cardenio). Не е познато дали Шекспир бил воодушевен од „Дон Кихот“ па ја крстил драмата по главниот лик, или пак причината е нешто друго, бидејќи „Карденио“ исчезнала уште веднаш. Постојат само неколку докази за постоењето на оваа драма. Извештаи од 1653 година покажуваат дека текстот го поседувал човек по име Хемфри Моузли, но тоа е последниот доказ дека постоела. Иако некои експерти веруваат дека постојат делови кои може да му се препишат на Шекспир, никој со сигурност не може да каже дека станува збор за неговата драма.

4. „Џекил и Хајд“, првата верзија

„Чудниот случај на доктор Џекил и господин Хајд“ (The Curious Case of Dr. Jekyll and Mr. Hyde) е една од најпознатите хорор приказни. Всушност книгата оставила таков белег во западната литература, што фразата „Џекил и Хајд“ се користи многу често. Но ако сопругата на Роберт Л. Стивенсон не била остар критичар, можеби никогаш немаше да слушнеме за него. Во 2000 година пронајдени се писма помеѓу неговата сопруга, Фани, и еден семеен пријател. Во писмата Фани изјавува дека книгата е една голема бесмислица и дека нема никаква порака во неа. Таа предложила дека трансформацијата на докторот треба да го симболизира конфликтот во човечката природа, а токму оваа тема ја прослави книгата. Стивенсон ја добил идејата во кошмар под дејство на кокаин. Ја напишал приказната од 30.000 збора за само 3 дена. Но, на Фани не ѝ се допаднала и ја запалила. Стивенсон повторно се фатил на работа и го создал делото кое ни е познато денес.

5. Новела за Првата светска војна, Ернест Хемингвеј

Во декември, 1922 година, Хедли Хемингвеј се подготвувала да му се придружи на својот сопруг, Ернест Хемингвеј, во Швајцарија. Таа со себе земала и неколку недовршени текстови на Ернест кои требало да му ги покажат на Линколн Стефенс, американски новинар и автор. Кога стигнала на станицата, Хедли решила да купи шише вода а кога се вратила, торбата со текстовите била украдена. Оваа загуба е нешто што Ернест никогаш не го преболел. Тој никогаш не се обидел повторно да ги напише делата, туку им се посветил на нови. Исто така никогаш не објаснил што точно содржеле украдените текстови.

6. „Двојна изложеност“ (Double Exposure) – Силвија Плат

Силвија Плат е еден од највлијателните автори на 20-тиот век. Таа почнала да ја пишува „Двојна изложеност“, но на 11 февруари, 1963 година си го одзела животот и оставила 130 страници незавршен текст. Она што се случило подоцна сè уште не е разјаснето. Оние кои ја имале видено книгата тврделе дека е делумна автобиографија. Во книгата се раскажувало за жена која дознала дека нејзиниот сопруг има афера. Токму ова ѝ се случило и на Силвија и таа се разделила од сопругот. Нејзиниот сопруг признал дека изгорел некои од нејзините дневници за да ги заштити децата, но не кажал ништо за книгата. Тој изјавил дека слушнал гласини и дека текстот веројатно е украден од нејзината мајка.

7. „За правењето сфери“ (On Sphere-Making) – Архимед

Дали имате слушнато за механизмот Антикитера? Ова е древна направа која прецизно ги пресметува движењата на ѕвездите и планетите, но до денес не е познато како е направена. 100 години по смртта на Архимед, Цицерон напишал за 2 сфери кои биле направени од Архимед. Едната била мапа на ѕвездите, а другата го покажувала движењето на планетите, сонцето и месечина гледани од Земјата. Овие машини биле неверојатно напредни и прецизни. Дизајните на овие сфери најверојатно биле прикажани во книга со наслов „За правење сфери“. Во оваа книга Архимед ги изнел своите теории, формули и дизајни за овие напредни машини (вклучувајќи го и механизмот Антикитера). За жал, текстот е изгубен во нападот на Сиракуза во 212 година п.н.е. каде што загинал и Архимед. Друга теорија е дека самиот Архимед ги сокрил или ги уништил. Што и да се случило со оваа книга, не можеме да го занемариме нејзиното потенцијално влијание бидејќи сè уште не ни е јасно како древните Грци граделе толку комплексни машини.

8. Енциклопедијата Јонгл

Околу 1.000 години пред Европејците да ја измислат хартијата, Кинезите веќе пишувале. Помеѓу 11-тиот и 14-тиот век тие ја чувале тајната за барутот само за себе. Околу 700 години пред да се појави печатарството, Кинезите веќе имале голем број печатници. Всушност, древното кинеско знаење секогаш било неколку векови пред европското. Поради ова, императорот Јонгл наредил да се напише Енциклопедијата Јонгл во 1403 година. Таа била збир од над 8.000 кинески текстови, од медицина и наука, до култура и музика. Целта била да се собере буквално целото знаење на Кинезите на едно место. Целата колекција содржела 23.000 свитоци и 11.095 томови. Денес постојат само 400 томови од оваа енциклопедија и повеќето експерти веруваат дека остатокот е уништен со падот на династијата Минг.

9. „Мртви души“ (Dead Souls) – Николај Гогољ

Најпознатото дело на Гогољ, „Мртви души“ (Dead Souls), е базирано на „Пеколот“ од Данте. По издавањето оваа книга предизвикала вознемирување поради контроверзните и експлицитните пасуси. Религиските друштва го нападнале Гогољ, а ова го натерало да се спријатели со отец Мавеј Константиновски кој го убедил дека неговото дело е грев. Отецот го охрабрил Гогољ да се откаже од своето дело и да изгори сè што останало. Тој го запалил вториот дел од „Мртви души“ кој бил речиси готов. Веднаш зажалил за оваа одлука и паднал во депресија. По 9 дена без храна, Гогољ умрел.

10. Изгубени мексикански кодекси

И покрај тоа што оставиле бројни прекрасни урнатини, Маите и Ацтеките се обвиени со мистерија. Постојат многу непознати работи за начинот на нивниот живот и за тоа како исчезнале. Најголем придонес за оваа мистерија има уништувањето на нивните кодекси. Тие претставувале колекција од илустрации и текстови со кои биле документирани нивните животи, историја и култура. Денес постојат само 30 од нив. Многу од кодексите биле уништени од Ицкоатл кој сакал одново да ја напише историјата. 100 години подоцна, кога почнала инвазијата на Шпанците, биле уништени речиси сите кодекси на Маите. Диего де Ланда се обидел да ги натера локалните жители да ѝ се покорат на шпанската култура, но немал овластување за тоа. Бил присилен да се врати во Шпанија и да документира сè што научил за нив и за нивната култура. Подоцна се изгубени и неговите записи, а останати се само неколку спомнувања од други автори. Сè што имаме од овие кодекси се записи од трета рака.

Мотив од село Вирче: Култното место "Ѓурѓов даб" со кој се поврзани многу настани, верувања, легенди и сеќавања.


Мотив од село Град: Археолошки локалитет "Градиште" означен со сигнализација.

Мотив од село Драмче-Белчанско маало: Амбар со трем и алатки превоз и за обработка на земја.

Мотив од село Драмче: Стадо со овци покрај стара ограда од тараби.

Мотив од село Нов Истевник: Стара селска архитектура.

Мотив од село Стар Истевник.

Реченицата "Топол ден за умирање..." -звучи премногу фатално за да биде вистинита...

"Таков сум, благословен од вечноста... Ве оставам во прав и заборав"-реченицата е премногу пак самобендисана и нарцисоидна, но сепак вистинита.

Во Делчево денеска како и насекаде низ православниот свет, се празнува христијанскиот празник Задушница.

Во вторник (07.11.2017 година) во Спомен домот АСНОМ во Делчево со почеток во 11.00 часот ќе се одржи јавен граѓански собир за идентификација на заедничките потреби на граѓаните во општина Делчево.

Цигарите се најлошото нешто  што може да се случи за човечкиот организам, спакувано во парче хартија. 

Покрај тоа што се причинители на голем број здравствени проблеми што се појавуваат кај човечкиот организам, тие се и закана за домашниот и семејниот буџет на секој кој ги пуши.

Се чини дека единствена корист од нивното производство и дистрибуција имаат големите тутунски комбинати и компании што немилосрдно печалат врз човечката мака. За да биде вистината до крај доследна, придобивка од пушењето цигари имаат и фармацевтските компании и здравствените установи.

На видеото во продолжение може да погледнете што прават цигарите за дел од вашите витални телесни органи.

Престанете со пушењето!

Неколку момци од Делчево имаат да упатат своја порака на остатокот од светот.

Кој како ќе ја свати, веруваме  ваквиот наратив ќе остави свој белег за овие тешки времиња.

Светски патувачки фотограф на локација во село Град.

Стара селска чешма. Мотив од село Град.

За некои луѓе шопингот е забава, додека пак за други, тоа е нешто што целосно ги истоштува. Доколку и вие сте од оние личности кои не уживаат во целиот процес на шопингот, тогаш ова огледало е совршено за вас. Станува збор за „MemoryMirror“, дигитално огледало кое овозможува ротирање за 360 степени, како и поврзаност со социјалните мрежи.

Боречките вештини се пат кон духовното будење што се открива преку посветување на вежбањето и себеразбирањето во секој период од животот. Брус Ли е еден од најпознатите артисти за боречки вештини. Тој е и духовен филозоф, а во неговиот личен дневник го забележал своето психолошко и духовно будење.

Во светот на модерните "гладијатори" понекогаш има и вакви ситуации како во видеото во продолжение.

Веројатно "Се водат за рака"...

Група Зана (не Жана) и Наташа Живковиќ...

Најпрво ке кажам дека видеото иако изгледа застарено, сепак има некои интересни моменти кои со "засрамение" можам да кажам дека се тренди и ден денеска...

ХЕЛАНКА, па црвена. И во тоа време провокативна и авангардна, денес само провокативна... Женски фризурчиња кои секако денес делуваат храбро и авангардно...Што би си помислила баба ми (бог да ја прости) и тогаш и сега? Веројатно истото...

Машките ликови во спотот, сите ке се сложиме се префорсирано облечени...Оваква костимографија најверојатно во денешно време би му дошло нешто како македонски (или српски) Снуп Дог во фармерки...

...

Никаков! На 125 км/час фиќото се распаѓа... Евапоризира....

Оваа мала шега беше редовна во почетокот на 90-тите години на минатиот век кога толку многу посакуваниот капитализам продираше во македонското балканско гнездо во кое се испилуваа новопечените капиталисти (доскорешни социјалисти).

Доколку мислевте дека знаете се за добар трилер филм и на кој начин истиот можете да седнете и да го изгледате за ваше лично задоволство, сето тоа што сте го знаеле, можете да го завиткате во пластична тоалет хартија и да го фрлите во најблиската ментална болница за да биде запалено во крематориумот, од кој никој жив не излегол.

Стара селска архитектура. Мотив од село Драмче, Делчево.

Поглед низ прозорец на стара селска куќа во село Драмче.

Темели од воздух
и пак мост си сочинил.

Со векови твoјте борови шумат
те капе златест априлски сјај
со векови плиска пенлива Струма
низ тебе роден Пирински крај!

Она личи на измама тешка.
Безобзирно, дрско во крвта заронува.
Денес што е за подбив и смешка
Co утрешна смисла в миг го озаконува.

Мотив од црквата Св. Никола во село Стар Истевник.

Најчитано: Флеш- Спорт

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна