Висока партиска делегација предводена од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски замина на повеќе дневна работна посета на Соединетите Американски Држави.

loading...

Во рамки на посетата делегацијата ќе оствари средби со претставници на Белата Куќа, Стејт Департмент и членови на Претставничкиот дом и Сенатот.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски ќе се обрати и на Безбедносниот форум организиран од членови на американскиот Сенат, а воедно ќе присуствува на Молитвениот појадок кој се одржува под покровителство на Претседателот на САД Доналд Трамп.

Исто така предвидена е и реализација на средби со претставници на македонската дијаспора во САД. Престојот во Соединетите Американски држави ќе се искористи за остварување на меѓународни контакти, зацврстување на односите на ВМРО-ДПМНЕ и лобирање за државните и национални интереси на Република Македонија. По скорешните посети на Брисел, и Будимпешта, престојот во Вашингтон преставува продолжување на интензивната меѓународна активност на ВМРО-ДПМНЕ, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ

loading...

Најчитано: Флеш- Политика

loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна