Наши иселеници, сезонски работници како и голем број пoддржувачи на неформалната иницијатива за македонско-словенско пријателство во цела Република Словенија, на социјалните мрежи повикуваат на мирен граѓански собир на кој на целиот свет ќе им порачаат "Ние сме Македонија."

loading...

Од организаторите дознаваме дека собирот се организира како реакција на секојдневните политички турбулентни случувања во нивната татковина како и случувањата поврзани околу обидите за менување на уставноти име на Република Македонија а со тоа и менување на идентитетот на Македонскиот народ.

Еден од организаторите е на настанот е млад Словенец роден во Словенија но по своите родители по потекло е од Република Македонија и со особен жар и огромна љубов кажува како не се согласува со актуелниот политички процес покренат за промена на името на неговата втора татковина.

Собирот е закажан за недела 11 февруари во 12 часот на "Плоштадот на републиката" ("Trg Republike") во Љубљана.

Се повикуваат сите слободољубиви Македонци како и сите други нивни сограѓани во Словенија да дадат поддршка на овој мирен протестен собир со кој застануваат во одбрана на Уставното име на Република Македонија.

loading...

Настанот се организира како дел од глобалната светска иницијатива "Ние сме Македонија".

Настанот објавен на фејсбук е достапен на сл. интернет врска тука

Повикот на неформалната иницијатива за Македонско-Словенечко пријателство во продолжение:

loading...

Најчитано: Флеш- Политика

loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна