Сума:

По неодамнешното интервју на Министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров со грчки новинар во кое што Министерот му беше поставено прашање поврзано со спорот за името на Република Македонија,, Риската амбасада во целост го пренесува делот од интервјуто кој што се однесува на оваа проблематика.

 

loading...

Имено одговорот на Министерот Лавров во јавноста бешпе спинуван и лажно пренесен од група про-американски пропагандистички активисти кои сакаат да нанесат штета со лаги и измами на односите меѓу Република Македонија и Руската федерација.

Токму затоа на официјалната фејсбук страна на Руската амбасада во Република Македонија транскрипт од овој дел од интервјуто е пренесен во целост на Македонски јазик.

loading...

-"Одговор на Министерот за надворешни работи на Руската Федерација, г-дин Сергеј Лавров, на прашањето на грчкиот новинар за проблемот со името.

Прашање: Деновиве се обновуваат преговорите за името на соседната земја на Грција, Поранешната Југословенска Република Македонија. Грците се навредуваат поради тоа што името «Македонија» е неправедно бидејќи поголемиот дел од територијата на старата македонска држава денес и припаѓа на Грција. Соседната земја со таквото име може да има територијални претензии. Пред извесно време руски претставници кажуваа дека можат да го ревидираат ставот за името на таа држава доколку се променат условите. Како го коментирате тоа?

Сергеј Лавров: Руски претставници кажуваа? Jа признавме Македонија како Република Македонија. И ја признаваме во тоа својство.

Прашање: А доколку се сменат условите? Дали ќе биде пронајден некој нов компромис?

Сергеј Лавров: Што се однесува до активизираните преговори и напори за решавање на проблемот со името «Македонија». Тие преговори мошне долго време беа во полузаспана состојба и се интензивираа дури тогаш кога САД решија дека Македонија мора да биде дел од НАТО. И, бидејќи Грција веќе е во НАТО вие како да немате потреба да правите отстапки, додека Македонија, пак, која сакаат да ја вовлечат во НАТО, како да има потреба од таквите отстапки. Тоа во суштина е тоа.

Какво име Грција и Македонија и да усогласат за Поранешната Југословенска Република Македонија, доколку за него има официјално решение пропишано во Уставот на Република Македонија, најверојатно сите ќе го признаат. Но суштината на тоа што се случува се надевам дека сите ја разбираат. Сега воопшто не станува збор за водење сметка за некои заеднички и специфични особини на два блиски народа, туку за тоа дека една од тие земји мора да ја направат членка на НАТО."

loading...

Најчитано: Флеш- Политика

loading...
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?

 


 

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна