Сума:

На првата своја одржана седница Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ беа разговарани повеќе актуелни политички состојби во државата кои сметаат дека се против унапредувањето на животот на граѓаните.

Oд ВМРО-ДПМНЕ реагираат за почитичкиот прогон спроведуван преку правосудните органи од страна на власта врз пратеници, уметници, полицајци, и други лица.

-"Целта на политичкиот прогон е замолкнување на секаква критика и ширење на страв меѓу народот и сите кои мислат поинаку, ваквото однесување на актуелната власт е недемократски чин и не придонесува за нормализирање на политичката состојба во Република Македонија" се пренесува од страна на официјалниот интернет портал на партијата.

loading...

Исто така остро констатираат дека со носењето на неуставниот јазик за двојазичност и ратификацијата на асиметричниот договор со Бугарија, со кој се брише македонската историја се докажуваат штетните антидржавни политики на СДСМ, на кои што тие како партија предупредувале пред изборите.

-"Ваквите политики ја редефинираат Република Македонија и нанесуваат штети на долг рок, кои нема да може да се надоместат."-констатирале на седницата на Извршниот комитет на партијата.

Исто така "ИК на ВМРО-ДПМНЕ го осуди политичкото насилство на СДСМ манифестирано преку стотици отпуштања од работа, деградирања и раскинувања на договори. Со ваквиот начин на работа, актуелната власт ја враќа Македонија назад во времето на мрачната транзиција кога не постоеја никакви норми, а единствен критериум некој да добие работа или да го задржи своето работно место не беа професионалноста или квалификациите, туку слепата послушност кон политичкото водство."

ИК констатираше дека практично не постои ресор во кој што Македонија не назадува и заклучи дека треба да се изготват соодветни стратегии со кои партијата ќе се спротивстави на уништувањето на земјата кое на крајот паѓа на товар на сите граѓани.

loading...

Најчитано: Флеш- Политика

loading...
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?

 


 

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна