Сума:

По изгласувањето (ратификацијата) на Договорот за добрососедство меѓу Република Македонија и република бугарија во Македонскиот парламент две работи се јасни:

  1. Македонија се откажа со дел од својата историја во која фашистичките окупаторски сили на бугарската држава во минатото одземале човечки животи и материјални добра на територијата на денешна Македонија (тогашното Кралство СХС);
  2. Благодетите на овој штетен Договор по однос на Македонските национални интереси и уште поважно историската вистина Македонските граѓани многу тешко дека ќе ги почувствуваат, а единствено ќе остане горчината во грлото на самосвесните Македонци за проголтаната гордост и ограничената слобода, во име на некои си т.н. "европски" вредности.

loading...

Да не се разбереме погрешно: отвореноста на границите, европските хуманистички перспективи, граѓански концепт, миграција на знаење, пракса, искуство, материјакни добра и луѓе е нешто кое што од Бога ни е загарантирано право. Проблемот е што ваквите вредности некој во минатото ни ги има одземено (повторно во име на тогашните "ЕУ"-вредности) кога исто така гинеле луѓе и биле уништувани цивилизициски придобивки.

Ниту овој пат со оваа т.н. ЕУ и НАТО перспектива на Македонија, не е ништо поразлично. Македонските вредности веќе се ставени на клада и пополека една по една се потпалуваат, за на крај да бидеме сведоци на уште една хистерично-вавилонска оргија на невиден оргазам, после кој ќе се разбудиме во комшискиот кревет од каде ќе бидеме избркани (а може и глава да скинеме) под присила на оружје, насилство и варваризам. Со одземен дел од суверенитетот и огромен дек од досегашниот (каков-таков наш си е) начин на живот.

И да....

Доаѓаат два пропагандистички мегафони со две реченици на твитер, кои што ни кажуваат дека Овој договор со бугарија е за доброто на Македонската ЕУ перспектива.




Готово!

Ви поверувавме!

P.С. Договорот е ратификуван без присуство на најголемата плитичка партија по бројност во Македонскиот парламент. Со тоа е доведена во прашање неговата имплементација и легитимност, што дополнително придава вредност на кризна состојба која наместо да биде решена, создава дополнителни проблеми и внатредржавни поделби.

loading...

Најчитано: Флеш- Политика

loading...
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?

 


 

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна