Во изминатиот период во полна пареа партиските кујни земаат залет пред локалните избори како во Делчево, така и во цела Македонија.

Но има еден многу индикативен момент кој излегува од рамките на вообичаеното политичко делување на политичките субјекти кои имаат свои аспирации за освојување на локалните власти во општините ширум Македонија. Тоа е следниот:

Во недостиг на капацитет и со огромна доза на незнаење и немоќ за понуда пред граѓаните на конкретни политики, минорни политички групации кои се на залезот на своето постоење пласираат дезинформации, провокации и класични невистини во јавноста во обид на замајување на граѓаните. А тоа го прават во континуитет, тврдоглаво во минатото, иако таквиот начин на делување не им дава плодови во нивната т.н. политичка борба.

Вистината да биде уште поискривена тоа го прават од позиција на некакви т.н. блогери кои во суштина не се ништо друго туку препишувачи на информации и партиски мегафони, (модерно наречени "Лажни вести" а кои не ја разбираат вистински суштината на политичката борба.

  

-Господа народњаци, шетачи од партија во партија, политички опортунисти и измамници. Политиката не е пропаганда, која толку ревносно се обидувате да ја афирмирате како белег на ваше работење. Се дури не излезете од вашите кожурки на неразвиени општествени битија, се дотаму ќе талкате во бурите на вашата немоќ и незнаење. Излезете прошетајте меѓу народот. Ќе видите дека нема потреба вие да им кажувате на граѓаните кој ќе биде наредниот градоначалник на Делчево, на Кочани, на Чешиново-Облешево, на Берово, на Пехчево. Ќе видите дека вашите т.н. анкети немаат врска со реалноста и се производ на вашето неразвиено чувство на политичка зрелост. И дека автохтоната политичка борба не се води како приврзок на СДС во Делчево, кој е на добар пат да уништи се што е Македонско во Македонците.

Секако граѓаните за разлика од Вас имаат други приоритети во животот, настрана од ширењето на некаква си бледа пропаганда која пак за волја на вистината низ годините наназад не вродува со никакви плодови иако толку ревносно се обидувате да ја пласирате.

Но, толку е капацитетот (реков на почетокот).

За крај на овој текст ќе одговорам на прашањето од насловот на овој уреднички осврт:

-Напредно Делчево им пречи на сите оние кои се следбеници на политики кои што доживееја класично фијаско на сите изминати 11 изборни циклуси во Делчево.

И да!

Истовремено на таквите им пречи и Градоначалникот Шехтански кој го има досега најуспешниот мандат на еден градоначалник на Делчево. И тој успех не е изразен преку паушални рекла-кажала муабети на партиско-конформистички релативизатори и непознавачи на состојбите и интернет глумци скриени зад лична партиска агенда.

Тој успех е изразен преку бројки кои што беа претставени пред очите на целокупната делчевска и Македонска јавност.

А тие бројки велат:

-Со општински годишен Буџет од околу 60 милиони денари направени се инвестиции во износ од над 400 милиони денари за 4 години;

-Притоа изградени и реконструирани се 43 улици и патишта во општина Делчево со вкупна должина 30 километри во изминатите 4 години со вкупен износ од над 200 милиони денари;

-Изградени 14,5 километри водоводни и канализациони мрежи во општина Делчево во еден мандат;

-Реконструирана и доградена детска градинка во Делчево;

-Изградени се 3 нови мини плоштади;

-Реконструирани се трите училишта во Делчево (гимназијата и двете основни);

-Изградени и реконструирани се 10 детски игралишта и терени;

-Изграден е досега најголемиот парк во Делчево.

И сето ова се самои проекти кои се реализирани со материјална градба на терен.

За проектите со кои се стимулираа учениците, студентите, со кои се пружаше поддршка за најранливите кадегории на граѓани на Делчево, за граѓанските организации, за ФК, Брегалница, спортските клубови и поединци, за афирмацијата на традиционалните и културните вредности....

За тоа во друга прилика...

Епа почитувани народњаци, шетачи по партии, политички опортунисти и измамници. Со право се плашите од можната кандидатура на градоначалникот Шехтански на претстојните локални избори затоа што знаете дека вашата пропаганда, пред делата кои се создадени за граѓаните на Делчево e ништовна и беспомошна.

А делата на Шехтански се многу поважни од вашата празна и гола реторика во вашите препишувачки портали.

Најчитано: Флеш- Политика

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна