Во продолжение ја пренесуваме интегрално изјавата на претставниците од граѓанската иницијатива "За заедничка Македонија" од Делчево.

Како претставници на граѓаните на општина Делчево и дел од иницијативата "За заедничка Македонија" денеска оддаваме чест и се поклонуваме пред споменикот на македонскиот син Гоце Делчев, кој што на денешен ден 4-ти мај во 1903 година беше предаден и на подмолен начин беше убиен од отоманските власти во селото Баница.

На овој тажен но и горд ден сакаме да ја искажеме својата длабока разочараност и засегнатост од постапките на политичките партии кои што допринесоа за моменталната актуелна политичка но и општествена криза во Македонија. Тажен затоа што на овој ден по пат на предавство загинува душата на Македонското револуционерно движење од илинденскиот период, идеологот и неуморниот револуционер Делчев.

Горд затоа што идеите за кои што се бореше Гоце Делчев и ден денес се живи помеѓу неговите потомци. Неговото име го носи нашиот град и општина и тоа е гордост за секој делчевец.

Ги осудуваме сите оние политички фактори кои сакаат да создадат непремостлив јаз на поделеност на Македонскиот народ.

Најостро го осудуваме политичкото и физичкото насилство кое што е евидентно во Македонскиот парламент. Ова се моменти во кои на сите граѓани на Република Македонија им е потребно заедништво и сплотеност повеќе од било кога.

Апелираме на разум, толеранција и висок граѓански капацитет на практикување на демократските вредности во нашата држава, како од политичарите така и од сите граѓани.

Меѓусебна омраза и конфронтации никому добро нема да донесат.

На нас граѓаните на Делчево и Македонија ни се потребни функционални институции согласно уставните и законските услови дефинирани во правната и општествена легислатива во државата. Оваа криза премногу трае и нејзiно продлабочување само ќе ја направи ситуацијата полоша.

Најчитано: Флеш- Политика

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна