Градоначалниците на општините од Источна Македонија преку петиција бараат ЗЕЛС да покрене измена на изборниот законик за поместување на локалните избори.

Целта на петицијата е овозможување нормално и законско функционирање на општините, во спротивно како што истакнуваат градоначалниците сите нивни активности престануваат. Тие наведуваат дека без измените нема да може да се одговара на барањата на граѓаните, да се управува со блок дотациите преку кои плата земаат илјадници вработени во училиштата и градинките, ниту пак ќе има плата за општинската администрација. Како што е наведено во петицијата општините веќе имаат штета од овој правно-политички вакуум, бидејки не можат да продаваат градежно земјиште и да бидат реализирани останатите тендери. Иако нема поместување во работата на Собранието на Република Македонија, градоначалниците и од ВМРО ДПМНЕ и од СДСМ брифираат дека се разговара за итна законска измена на изборниот законик со кој ќе се поместат локалните избори. На овој начин ќе им се даде можност на актуелните локални власти да продолжат со работа.

Неделава е формирана работна група составена од претставици на ЗЕЛС и од министерствата за правда и за локална самоуправа, која би требало да даде насоки на кој начин треба да се премости овој период. Предлогот за работна група е на Техничката влада што според градоначалниците е добар знак дека има политичка волја да се надмине овој правно-политички вакуум што им се заканува на општините. Претставниците се повикуваат на Уставот и членот 114 кој гарантира услуги и права на граѓаните во локалната власт.

Најчитано: Флеш- Политика

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна