Се што е во насока на нарушување на унитарноста на државата треба категорично да се отфрли и да не се прифатат идеи кои не и носат ништо добро на Република Македонија. Ова меѓу другото го истакнаа жителите на Делчевско кои не можат да прифатат било какво менување на уставниот поредок на државата во смисла на менување на уставните категории кои се поврзани со давањето право на една заедница на сметка на другите заедници во Македонија.

-Тука јас го поддржувам претседателот Ѓорѓи Иванов, што на господинот Заев не му одобрува да состави влада, се изјасни јасно и гласно, знае се кој е мнозинство во Македонија и исто така сметам дека попис треба да се направи под итно, смета Драги Илиевски, жител на делчевското село Град.

-Воопшто не треба да се дозволи ништо што ќе и наштети на државата, ако се дозволи после е џабе, вели еден од анкетираните жители на село Вирче.

-Треба да си остане Македонија како што била отсекогаш, да си остане химната, ние сме Македонци, ние не можеме друго да бидеме, немаме друга држава во која ќе живееме, ние мора да останеме во наша македонија, вели анкетиран жител на с.Звегор.

-Какво менување химна какви бакрачи, ние сме Македонци и Македонци ќе останеме, малку ли во минатото не газеа, па сега уште да трпиме, рече еден од анкетираните, инаку жител на с.Тработивиште.

Исто така како што истакнаа анкетираните граѓаните  се изродија националистички побуди кај одредена категорија политичари, а всушност како што велат тие треба да се мисли на заедништвото и на иднината не само на сегашните туку и на идните генерации.

-Мислам дека поентата на одредени политичари беше да ги направи лојални сите категории на граѓани, но се изроди национализам и голема Албанија, околу уставот не смее да има промени кои ќе ја загрозат унитарноста на државата, истакнува жител на Делчево. 

-Јас сум пензионер, немам некое посебно мислење, но сепак треба да размислиме околу иднината на државата што ќе дадеме, а што ќе ни остане како држава, вели анкетиран пензионер од Делчево.

Како што истакнаа граѓаните од Делчевско, излезот од кризата тие го гледаат во солидни решенија кои ќе бидат донесени во насока на зајакнување на заедништвото и взаемното почитување на народностите во Република Македонија.

 

Најчитано: Флеш- Политика

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна