Зачувувањето на унитарноста на Република Македонија е единствено можна преку развивање на силно граѓанско и мултиетничко општество. Ова денес при посетата во Делчево го изјави премиерот Емил Димитриев кој исто така додаде дека решението за излез од кризата го гледа во предвремени парламентарни избори заедно со локалните.

 

-Првиот момент кој е важен за решавање на кризата е тоа дека со исклучувањето на мнозинството Македонци, Власите, Турци, Бошњаци, Роми, Срби и други етникуми, силно граѓанско општество не може да има, рече Димитриев, додавајки дека во постизборниот период се отворија дискусии кои длабоко задираат во уставното уредување на Република Македонија, а коишто не беа дел од предизборната кампања или многу малку се зборуваше за тоа, затоа јас сметам рече Димитриев, дека ваквите теми не се привилегија на политичките елити, колку тие да се сметаат за способни за справување со вакви процеси. Единствен фактор кој може да каже било што за вакви теми е гласот на народот на нови парламентарни избори кои би биле организирани заедно со локалните, така да за Македонија најдобро решение е нови избори во кои партиите сето она што сметаат да го работат постизборно ќе мора тоа да го кажат предизборно за да граѓаните го кажат својот збор во кој правец сакаат да се движи работите во  иднина.

Димитриев се осврна и околу прашањето во врска со најавите за отворање бегалски кампови во земјите од Западен Балкан при што потенцираше дека Македонија нема да дозволи отворање на било какви бегалски кампови.

-Република Македонија даде огромен придонес во справувањето со мигрантската криза што беше забележано од сите земји членки на ЕУ и пошироко, ние и во иднина така ќе се однесуваме, меѓутоа за евентуално формирање кампови за згрижување бегалци нашиот став е категорично НЕ, бидејки бегалците доаѓаат од земја членка држава на ЕУ која е безбедна и не гледаме логика да се формираат такви кампови во Македонија.

Најчитано: Флеш- Политика

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна