Градоначалникот на Делчево, Дарко Шехтански, присуството на прес конференцијата по повод започнувањето на проектот за енергетска ефикасност, денес го искористи да му се обрати на советникот од редовите на СДСМ, Горан Трајковски, кој вчера го обвини за големиот број нереализирани проекти ветени согласно неговата програма. Во обраќањето за регионалните телевизиски куќи, Шехтански истакна:

-Точно е дека има нереализирани проекти, меѓутоа како што рече Шехтански мора да се спомене и фактот дека имаме реализирано огромен број на други проекти надвор од програмата од 2013 година, кои нашите сограѓани ги имаат кажано дека се поприоритетни, значи станува збор за канализации, за водовод, за улици кои што се многу важни за нашите сограѓани, рече Шехтански, повикувајки го советникот Трајковски да го погледне отчетот кој наскоро треба да излезе од печат, а во кој ќе може да види што се е реализирано во општина Делчево и да се спореди со она што СДСМ го нправи додека беше на власт. Тогаш граѓаните нека судат за тоа кој што направил за Делчево, истакна Шехтански во денешното обраќање до јавноста.

Најчитано: Флеш- Политика

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна