На синоќешното интервју во живо на програмата на ТВ Нова, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го најави еден од најграндиозните проекти за општина Делчево, кој се однесува на целиот микрорегион Пијанец-Малеш, во потесни рамки, но и е од огромно значење за општествените прилики за цела Република Македонија.

Станува збор за продолжување на обемните истражување и анализи во врска со отварањето на нов рудник за јаглен на територијата помеѓу општините Делчево и Пехчево, како и ожтворање на термоцентрала за производтство на електрична енергија..

-Во нашата програма има во план и се работи на тоа да се отовори нов рудник за јаглен и централа за струја, помеѓу Делчено и Пехчево од 200 мега вати. Истражувањата кои се при крај и се завршија во еден дел , покажа дека таму има руда за околу 30 години и тоа високо калоричен јаглен, 200 кв е 1/3 од РЕК Битола. Тоа ќе значи многу но ќе значи и за луѓето ќе отвори ќе вработи околу 1000 луѓе индиректно и директно, рече Груевски.

Физибилити студијата ќе биде готова во април. Но во 2019 ќе почне градбата на рудникот па централата, инвестицијата ќе биде од 200 милиони евра и тоа во дел на Македонија каде има многу невработени и ќе значи енергетско зајакнување на капацитетите на Македонија.-изјави Никола Груевски во интервјуто.

Според сите показатели овој проект ќе доведе сукцесивно до целосен препород на општина Делчево пред се, од сите можни аспекти на живот на овие простори.

Најчитано: Флеш- Политика

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна