На фејсбук страната на Градоначалникот на општина Делчево г-динот Дарко Шехтански денеска беше објавено дека започнале градежни активности за изградба на нов тротоар за жителите на населбата Стар Расадник.

"По подобрување на временските услови а по барање на месната заедница на населбата Стар Расадник, започнавме со ургентно и неодложно уредување на тротоарска патека од едната страна на улицата "Мито Хаџивасилев Јасмин". Оваа делница од улицата кон крајот на минатата година беше рехабилитирана со нов асфалт.
Со ова се зголемува прегледноста на самата раскрсница и безбедносните услови за пешаците кои гравитираат кон овој дел од градот. 
Истовремено ќе продолжиме со чистење на ендекот "Грозданец" во овој дел од градот, како и обезбедување на трупот од улицата со стабилизирачки градежни работи."- беше информирано од страна на градоначалникот.

Најчитано: Флеш- Политика

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна