Во изминатите две недели речиси од цел свет од сите меридијани, од Северна и Јужна Америка, од Австралија и повеќе европски држави повеќе видни Македонци ја искажаа својата јавна поддршка за кандидатурата на Иван Соколов за Градоначалник на Делчево и Советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево на претстојните локални избори.

Еве дел од нив кои преку социјалната мрежа фејсбук упатија свои пораки за поддршка 

Бошко Васев од Германија:

Живе Македон Латиновски од Онтарио, Канада:

Миле Георгиевски од Италија:

Тони Симоновски со силна поддршка од Англија за Иван Соколов и за советничката листа:

Горан Бајо Трајановски од Италија:

Ванчо Гоцевски од Италија:

Ванчо Миленковски од Италија:

 

Весна Жежовска од Словенија:

Ванчо Ивановски во Италија:

 

Претстојните локални избори се многу важни бидејќи работата на општините допира до потребите на секое семејство и затоа на 15 октомври потребно е да се заврши процесот кој започна и промените да се заокружат и на локално ниво, порача претседателот на СДСМ на вечерашниот митинг на СДСМ и коалицијата во Пехчево.

„Општините ќе стануваат се позначајни, бидејќи власта треба што повеќе да се доближи до граѓаните, а месните и урбаните заедници повторно ќе станат правни субјекти кои ќе одлучуваат на микро ниво. Под надлежност на општините се училиштата, градинките и урбанизмот, а во иднина ќе има и нови надлежности како што се социјалната и здравствена заштита. Затоа е важно на локалните избори да се дозаврши започнатиот процес, бидејќи без општините, перспективите за подобар живот во Македонија нема да бидат целосни“ порача Заев.

Лидерот на СДСМ истакна дека централната власт во изминативе месеци докажа дека работи посветено и одговорно и дека во соработка со новата локална власт преку сериозни проекти ќе се обезбедат услови за развој на Пехчево и Малешевскиот регион.

„Заедно со новата локална власт ќе работиме за да отвориме нови можности и да му дадеме живот на целиот овој регион. Ќе се реконструира целата водоводна мрежа за подигнување на квалитетот на живот. Ќе се инвестира во целокупната локална и регионална патна инфраструктура, а со цел граѓаните да останат тука и тука да ги гледаат своите перспективи“ порача Заев.

Нема веќе расипничко трошење по луксузни скопски кафеани на државна сметка, нема повеќе граѓаните да плаќаат за министри и службеници за шопинзи по белиот свет, а луѓето од Делчево едвај до Скопје да стигнуваат по лоши патшта, истакна лидерот на СДСМ Зоран Заев на вчерашниот митингот во Делчево. Тој истакна дека за еден месец државата заштедила 45 милиони евра и ги насочила кон граѓаните.

Заев рече оти со организација на водоводните претпријатија, се насочуваат повеќе пари кон граѓаните, а фокусот е ставен на стимулирање на инвестициите за домашните и странските претпријатија.

– Во Делчево ќе градиме филтер станица во која ќе се прочистува водата од Лошана, градиме водоснабидтелен систем во Ѕвегор, Нов Истевник, Делчево ќе добие современ затворен пазар. Ќе работиме сите заедно и централно и локално, Делчево да добие нов лик. Овоштарите на кои им измрзна родот оваа пролет ќе добијат обештетување ќе ги исплатиме сите 602 поднесени барања од земјоделците, потенцираше Заев.

Тој додаде дека на овие избори Македонија одлучува за својата иднина. – Дали продолжуваме напред во просперитетна и среќна земја со многу пријатели или се враќаме назад како излолирана земја. Делчево има шанса да шутира пенал и заедно да ги заокружиме промените и да го донесеме животот, истакна Заев.

Кандидатот за градоначалник од СДСМ, Горан Трајковски, вечерва пред делчевци најави реализација на неколку капитални проекти, изградба на улици во населбите Звегорска Река, Басарица, Пролет и Шумски Расадник,изработка на студија и проект за водоснабдувањето на туристичко-рекреативен локалитет Голак, реконструкција на прифатилиштето за бездомници во сопственост на општина Делчево, а во соработка со Владата, постапка за изградба на нов граничен премин кај Црната скала и изградба на патот Делчево – Црна скала.

– Отвораме врата и гласно порачуваме – носиме живот за сите во Делчево. Нашето место за живеење бара од нас да се издигне од маргините на општеството. Нашето родно место, сите нè обврзува да работиме заедно за да ја сочуваме иднината на градот кој со гордост го носи името на револуционерот Гоце Делчев, истакна Трајковски.

Претходно вечерва коалицијата „За живот во Македонија“ одржа митинг и во Берово и во Пехчево. Заев пред беровчани порача дека граѓаните отсега ќе кажуваат што ќе се гради и тоа ќе биде закон и за градоначалникот и за советниците и за извршната власт.

Тој вети дека ќе изградат отворени општини, каде граѓаните секогаш ќе знаат како се трошат нивните пари.
Кандидатот за градоначалник од СДСМ за Берово, Ѕвонко Пекевски потенцираше дека ова не се само локални избори, ова се избори за инднината на нашите деца за иднината на Македонија како членка на ЕУ и НАТО.

Кандидатот за градоначалник на Пехчево од редовите на ВМРО ДПМНЕ Игор Поповски од 6 до 1 октомври со згуснат распоред ќе се обиде да ги посети граѓаните и жителите на руралните средини во Пехчевско и даим ја претстави својата програма со цел да ја добие нивната доверба како кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата. Во својата порака до жителите на пехчевско, Поповски со следнава порака: --
-Секој од Вас е значаен и потребен, влегуваме со план и визија за општина Пехчево, имаме сила и знаење, а заедно можеме и подобро и повеќе, заедно можеме да одиме напред.
Време е за ново утро, нови победи и успеси!

Соколов презентираше дел од неговата програма каде најави дека Делчево ќе биде атрактивна бизнис дестинација со ефикасна администрација и развиена инфраструктура, но и оти ќе обезбеди висококвалитетни услуги за бизнис заедницата.

– Јас и мојот тим издвоивме пет стратешки цели и дефинираше сет на активности неопходни за остварување на поставените цели: Поттикнување на развој на бизнисот и креирање на нови работни места, Делчево – атрактивна туристичка дестинација, подобрување на руралниот развој, подобрување на постоечката и развој на нова инфраструктура во Општина Делчево, подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со потребите на пазарот на труд на Општина Делчево, истакна Соколов.

Тој пред граѓаните вети основање на нова развојна зона во близина на Милково брдо во Делчево и ТИРЗ-Делчево.

-Изградба на скијалиште на планината Голак, изградба на нова филтер станица за вода за пиење на Брана „Лошана”, основање на нова развојна зона во близина на Милково брдо во Делчево и ТИРЗ-Делчево, изградба на нов современ градски пазар по пат на Јавно приватно партнерство, изградба на прочистителна станица за отпадни води на градот Делчево, изградба на голем број на улици во Делчево и руралните населени места, проширување и реконструкција на водоводна и канализациона мрежа, посочи Соколов.

Рече дека како еден од проектите предивдени во програмата е и подобрување и зголемување на услугите во комуналната сфера, преку набавка на нов возен парк и модернизација на јавното комунално претпријатие.

-Изградба на неколку мултинаменски спортски терени со приоритет на руралните средини и населбите каде што такви не се изградени. Обезбедување на локации за градба на индивидуални објекти за домување. Подобрување на капацитетите за туризам. Зголемување на понудата во делот на културни настани и манифестации. Заштита на природата преку заштита на значајни подрачја и објекти на природата во нашата општина, превенција од елементарни непогоди, создавање на обучени тимови за заштита од елементарни непогоди и нивно опремување. Продолжување на проекти поврзани со квалитот на образованието преку создавање на подобри услови за учениците од Делчево и отварање на уште повеќе на можности преку реконструкција на училиштата, набавка на нај современа опрема за училиштата и обезбедување и зголемување на стипендиите, размена на учениици преку образовните програми кои се на располагање од земји во Европа како и продолжување на трендот на наградување на најдобрите во образованието, најави Соколов.
Valeri Spasevski
Според него, граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го реализира ветеното.

-Преку напорна работа, многу труд и посветеност ќе ја претвориме нашата визија и цел за Делчево во реалност. Секогаш работа, Секогаш Делчево. Секогаш Македонија е нашето мото. Работата е нашата одлика, работа за доброто на граѓаните. Одиме напред кон нови победи и успеси за напредно и просперитетно Делчево, со повеќе работни места и подобри услови за живот, потенцира Соколов.

Во текот на вчерашниот ден кандидатот за градоначалник на општина Берово од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, г-сподин Никола Атанасов беше на средби со граѓаните низ централното градско јадро и градскиот пазар во Берово. Тој преку својата фејсбук страница порача: 

-"Нашата општина поседува ресурси за развој и подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани.
Туристичко место каде што ќе ги користат природните благодети сите посетители вљубеници во природата."

Фотографиите се превземени од неговата фејсбук страна.

Коалицијата предводена од СДСМ секојдневно добива се поголема поддршка од граѓаните. Нашата визија, нашите проекти, нашата единствена цел „Живот во Македонија за сите“, не обединува заеднички да го постигнеме зацртаното.

На коалицијата составена од 22 партии, во Кочани и се придружи и ВМРО – Народна партија за да учествува во враќањето на животот за сите граѓани во нашата општина. Ние и досега имаве успешна соработка, особено во Советот на Општината, каде заедно ги

Со приклучувањето на ВМРО – Народна партија кон коалицијата уште еднаш потврдуваме дека сите ние – леви, десни и партии од центарот, го слушнавме гласот на граѓаните, кои сакаат заедништво наспроти поделби. Ние сме за фер и демократски избори и се обврзуваме заедно и бескомпромисно да работиме во одбрана на правдата, вистината и иднината.

Затоа ги повикувам членовите и симпатизерите на ВМРО-НП и сите граѓани да ни ја дадат поддршката на овие локални избори за да го вратиме животот за сите.

Заедно сме посилни, заедно можеме повеќе.

За живот во општина Кочани, за живот во Македонија.

Гласајте за бројот 19, за нашите кандидати за градоначалник и за членови на Советот на општината

Инспиративен и емотивен говор на носителот на советничката листа на кандидати за советници од ВМРО-ДПМНЕ и здружената коалиција составена од ВМРО-НП, Социјалистичка партија, Демократски сили на Ромите и ГРОМ, Сашко Иванов.

Во салата на Спомен дом АСНОМ вечерва во Делчево   претставување имаше кандидатот за градоначалник на општина Делчево од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Иван Соколов а претставена беа и кандидатите за советници од ВМРО ДПМНЕ и коалициските партнери. Носителот на листата на советници од оваа партија Сашко Ивановски меѓу другото до присутните сопартијци и присутни граѓани ја упати следнава порака:
-Вечерва имам голема привилегија и чест да јавам дека фалангата на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата под полна пареа, освежена, максимално мобилизирана, засилена охрабрена и со ваша силна поддршка со ваша силна подршка, гази, меле, дроби се пред себе и оди во една сигурна победа. Горди мои делчевчани, ве повикувам заедно обединети на овие избори да ни бидете ветар во грб, сила логистика насочувач и коректор. сите ние сме си потребни еден на друг бидејки ова не се само локални избори, ова е безмалку референдум за тоа дали ќе постоиме, избори на кои бираме унитарност, бираме двојазичност.
received 1730203446992064Од утре натаму не смееме да дозволиме да не излажат да не уценат, да не поткупат, да ни сеат магла, да ни шијат црна кошула да ни плетат гајтан, да не дозволиме да не скршат да не поделат бидејки тие се мајстори на тој занает и само тоа го знаат, рече носителот на листата на советници од редовите на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, Сашко Ивановски.                 Кандидатот за градоначалник Иван Соколов доколку биде избран за градоначалник навести заедничко решавање на проблемите со кои се соочува општина Делчево.
 -Почитувани сите заеднички да се сплотиме и да им навестиме на граѓаните дека доаѓа пролет, дека започува нова ера, дека ќе се менуваат работите на подобро, да навестиме дека нема повеќе да молчиме, дека во Делчево ниту земјоделците ниту индустријалците ќе молчат повеќе, сите заедно ќе тргнеме во ново време сите заедно ќе тргнеме во една подобра Македонија сите заедно ќе тргнеме кон едно подобро Делчево, рече меѓу другото на вечерашново претставување кандидатот за градоначалник на општина Делчево од редовите на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, Иван Соколов.

Синоќа просториите на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево беа претесни да ги соберат сите членови и симпатизери како и останати граѓани кои сакаа да присуствуваат на отворената промоција на кандидатот за градоначалник на општина Делчево на претстојните локални избори ма 15 Октомври.

Составена од досега невидена еуфорија, силни аплаузи и победнички скандирања, беше атмосферата која го одбележа денешниот ден во Делчево.

Пред насобраните неколку стотина граѓани се обрати кандидатот за градоначалник,  Иван Соколов при што меѓу другото најави силен ангажман и посветеност за искористување на неговите лични контакти на соработници низ целиот свет за покренување на инвестициски циклус за отворање на нови работни места во Делчево во наредните 4 години.

На промоцијата исто така беа претставени и кандидатите за советници од ВМРО-ДПМНЕ и здружената коалиција составена уште од 4 политички партии која се приклучи на ВМРО-ДПМНЕ.

Расположението на присутните граѓани е на високо ниво за која што цел најавија победа во прв круг и избор Иван Соколов за нов градоначалник на Делчево.

На промоцијата присуствуваа и актуелниот градоначалник Дарко Шехтански, Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево, огромен број на поранешни партиски функционери, целокупното раководство на сите партиски тела, коалициони партнери и многу други граѓани.

Фотографии од настанот превземени од фејзбук страната на Иван Соколов:

Кратки видеа со изјава на Иван Соколов:

 

Вчудоневидувачки изјави на Премиерот Зоран Заев пред целокупната Македонска јавност за укинување на субвенциите за дел од делчевските земјоделци кои тековната година нема да произведат 10% повеќе земјоделски произаводи од претходната година.

Со ваквите најави во огромна мера се врши измејување и подигрување со маката и трудот на делчевските земјоделци и останатите граѓани за кои земјоделието им е основна гранка за гола егзистенција во Република Македонија.

 

Младиот и перспективен Денис Зенулов од Делчево е новиот кандидат за советник во Делчевскиот Совет на претстојните локални избори кои ќе се одржат на 15 октомври. 

Денеска од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ беше објавена листата на кандидати за советници кои ќе се натпреваруваат со своите политички платформи во трка на поддршката од граѓаните на општина Делчево, на претстојните Локални избори 2017.

Реакциите на самите членови и симпатизери на партијате се повеќе од воодушевувачки, со коментари од типот дека ова е најдобрата кандидатска советничка листа што некогаш им била понудена на граѓаните.

Самата листа изобилува со кадри од најразлични профили на образование и дејности.

Но она што е најимпресивно е бројот на застапени претставници од најзначајните политички партии во Делчево кои свое место најдоа во погорниот дел од кандидатската листа.

Како втор на советничката листа е кандидатот на ВМРО-Народна партија, младиот и перспективен Николчо Ситновски кој е веднаш зад носителот и претставник на ВМРО-ДПМНЕ, Сашко Ивановски кој е истакнат и познат просветен работник во Делчево. На листата на добитни победнички места се и претставниците на Граѓанската опција за Македонија-ГРОМ, Социјалистичката партија на Македонија-СПМ и Демократскиот сојуз на ромите во Македонија-ДСР. 

На овој начин листата на кандидати за советници на ВМРО-ДПМНЕ претставува силна и обединета политичка сила која е цврсто решена да сед противстави на деструктивните и нерационални политики на актуелната владејачка гарнитура во Владата на СДСМ, ДУИ и партијата на Зијадин Села.

Целата кандидатска листа за советници на ВМРО-ДПМНЕ и здружената коалиција проследете ја нивната официјална фејсбук страна, каде можете да ги следите нивните активности во наредниот период.

Градот кој го носи името на најмаркантната револуционерна личност во Македонската историја, големиот Гоце Делчев, повторно ќе биде предводник на борбата на Македонскиот народ за слобода и независност.

Најчитано: Флеш- Политика

loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна