Во продолжение статусот превземен од фејсбук:

Организацијата „Rêves de Gosse“ (Детски сон) и Европската вселенска агенција, им го овозможиле ова незаборавно искуство на неколку дечиња со попречен развој од 5 европски земји. Во леталото се наоѓаат 8 дечиња и 2-ца возрасни. Уживајте во неверојатното видео.

Карикатуристот Никола Ангелкоски од поодамна не својата фејсбук страна излегува со свои лични коментари во врска со актуелни случувања во нашата држава.

Во последниот негов коментар тој започнува со коментар посветен на Ацо Рембрант (Ацо Станковски како што тој го нарекува својот колега од студенските денови на факултетот за ликовни уметност. 

Продолжува со негов личен коментар во однос на специфичните состојби во областа на културата кои се од поодамна присутни под Македонското небо. На крај завршува со еден свој личен впечаток кој навлегува во егзистенцијализмот на еден врвен уметник како што е сликарот Никола Ангелкоски.

Прочитајте го коментарот во продолжение кој што е во целост превземен од неговата фејсбук страна.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вечерва во живо на ТВ АЛФА ќе се обрати на пошироката јавност. На негофата фејсбук страна тој го најави гостувањето во ТВ магазинот "Седмица" со почеток во 21.00 часот.

Денеска се остварија два првични состаноци на новиот градоначалник на општина Делчево, г-дин Горан Трајковски со градоначалникот во заминување на општина Делчево, г-дин Дарко Шехтански.

Денеска на фејсбук страницата на кандидатот за градоначалник на општина Делчево од редовите на СДСМ беа промовирани неколку проекти за одделни групи на граѓани, преку графички промотивни банери.

Денеска со изјава за медиумите излезе Љупка Гугучевска од Државната изборна комисија со инвормации поврзани со изборниот процес. 

Проследете ја нејзината изјава во целост на видеото во продолжение.

Хуманите граѓани подарија над 30 крвни единициво рамки на редовната крводарителска акција, досега од почетокот на годината бројот на собрани крвни единици изнесува над 350. Денешната акција беше во организација на ОО Црвен Крст Делчево во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Штип и центарот зза трансфузиологија при ЈУ Здравствен дом Гоце Делчев од Делчево.

Погледнете го прилогот во продолжение:

Кандидатот за градоначалник на општина Делчево, г-дин Иван Соколов денеска имаше средби со членови на Здружението на пензионери и со НВО "КХАМ" од Делчево.

Да се потсетиме каде бевме и каде сме сега. За да бидеме сигурни на каде одиме.

Во 2006-та во општина Делчево имаше 3700 вработени лица, а на крајот на 2016 бројот на вработените изнесуваше 4620 или околу 900 нови отворени работни места.

Ги реконструиравме регионалните патишта: Делчево-Македонска Каменица и Делчево-Голак во должина од околу 18 км и вредност од над 2,5 милиони евра.

По нашата претходно направена мала анализа врз основа на дотогаш расположивите информации во јавност за проектите кои ги нудат двата кандидати за градоначалници на претстојните локални избори, достапна на сл. линк тука, со дополнителна изјава во медиумите излезе кандидатот за градоначалник г-дин Горан Трајковски со дополнителни информации за дообјаснување на проектот кој што тој го нуди за нов градски пазар во Делчево.

Изјавата за градскиот пазар на двата кандидати за градоначалник во прилогот во продолжение:

Врз основа на денешната негова изјава, останува нејасно според г-динот Горан Трајковски, кој е рокот за изградба на градскиот пазар?

Дали рокот за изградба според кандидатот Трајковски е оној соопштен во неговата изјава погоре во видеото кога кажува дека пазарот ќе биде изграден до 2019 година или оној деклариран во неговата печатена програма каде пишува Рок: 2021 година?

Дали станува ззбор за своевиден гаф, грешка или пак забрзување на плановите пред истекот на кампањата, е прашање кое останува неодговорено.

Графички приказ кој се однесува на градскиот пазар превземен од предизборната програма на г-динот Горан Трајковски во продолжение:

 

Остануваат само четири дена до големата победа на ВМРО-ДПМНЕ!

Остануваат само четири дена до прогласувањето на уште еден градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево!

Најавивме големи промени за Делчево!

Уште стотици нови проекти лежат во душите на нашите луѓе!

Уште стотици нови потреби лежат во душите на нашите пријатели кои секојдневно ги среќаваме а не знаеме што кријат во себе!

Во изминатите денови заедно со тимот на идниот градоначалник, тропнавме на речиси секоја врата, бевме добродојдени во многу домаќинства, сакавме да допреме до секој граѓанин, слушнавме многу проблеми кои ги мачат нашите сограѓани, маки потиснувани со децении, кои се наталожиле во душата на сите нас, тешкотии од кои боли срцето на секоја Македонска мајка, чие чедо фатило туѓина и таму создало семејство.

Има моменти во животот кога срцето, душата, телото, сите сетила, целокупното човечко материјално и духовно битие се претвараат во нешто повеќе од живот.

Тоа нешто е призвук на вечност, светлина која бескрајно талка по универзумот за да дојде на вистинското место во вистинското време.

Местото е Македонија, а времето е сега!

Почитувани наши читатели, она што може да биде кажано за видео клипот во продолжение, ќе биде многу малку во споредба со она што тој навистина претставува!

Погледајте го, споделете го, плачете, ежете се, препотувајте се.... 

Понесете го со себе и живејте го.

Има еден свет збор од памтивек-Македонија!

 

Денешниот ден во Делчево иако државен празник, поминува во траорна тага и сурова болка на цело Делчево, чии што граѓани сеуште се во неверување на смртоносниот исход од вчерашната сообраќајна незгода на регионалниот пат Делчево-Македонска Каменица.

Во сообраќајната несреќа со катастрофални последици животот го загуби младо тричлено семејство, кое за празникот требаше да си биде дома во родното Делчево.

Нема зборови со кои можеме да ја искажеме својата длабока потресеност од овој суров настан за сите граѓани на Делчево.

Погребот ќе се изврши во 16.00 часот на градските гробишта во Делчево.

Загубата е огромна за цел град а најмногу за семејството, пријателитие и блиските.

Почивајте во мир Дејан. Емилија и Даријан.

Во Делчево на пригоден начин денеска беше одбележан 11-ти Октомври- Денот на востанието на Македонскиот народ.

За таа цел во организација на општина Делчево и градоначалникот Дарко Шехтански пред споменикот на паднатите борци од НОВ и ПОМ во центарот на градот, беше прочитан пригоден реферат и положени букети со свежо цвеќе од страна на претставници на институции, политички партии, граѓанскио организации и останати граѓани.

ozio_gallery_nano

Во текот на вчерашниот ден (вторник,  11.10.2017 година) во Делчево се реализираше средба меѓу членовите на НВО "КХАМ" Делчево, кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ, г-дин Горан Трајковски, пратеничката на СДСМ во Македонскиот парламент г=ѓа Мира Стојчевска и Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска исто така од редовите на СДСМ, како и повеќе заинтересирани граѓани.

Средбата беше на иницијатива на НВО "КХАМ" Делчево, како што изјави Зекир Абдулов.

За целите и случувањето на средбата повеќе во изјавите на дел од учесниците во продолжение:

 

Изјава на Иван Соколов на синоќешниот коктел на членовите и симпатизерите на ВМРО-НП од Делчево.

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево ги откажа сите планирани активности во текот на денешниот ден кои беа поврзани со организацијата на големиот народен митинг кој ќе се одржи вечерва во 20.30 часот на летната сцена во центарот на Делчево.

Отворена општина за соработка со пензионерите и за решавање на нивните проблеми вети кандидатот за градоначалник на Делчево од СДСМ, Горан Трајковски на денешната средба со пензионерите на која присуствуваше и пратеничката од Делчево, Мира Стојчевска.
 
Трајковски потенцираше дека целта на оваа средба е да се запознае со проблемите со кои се соочуваат делчевските пензионери и за можностите за потранспарентна и поголема соработка со локалната власт доколку тој ја добие довербата на граѓаните на Делчево да ја води општината наредните четири години.
 
– Средбата помина одлично, целта беше да ги слушнам нивните проблеми, но и нивните идеи за понатамошната сорабока со локалната самоуправа, како и со централната власт, преку нашата пратеничка Мира Стојчевска и за сите проблеми заедно да наоѓаме заеднички решенија. Се договориме за перманентна комуникација и постојани средби. Ние не можеме да затвораме очи пред проблемите на возрасните наши сограѓани и јас како иден градоначaлник, ќе направам се за да имаат достоинствена старост и да уживаат во општествениот живот да другаруваат и во третата доба, делчевското Здружение на пензионерите треба да биде носител на многу активности, рече Трајковски.
 
На средбата пензионерите истакнаа дека најголем проблем се просторните услови на делчевското Здружение, па за да го решат, тие сами инвестирале еден милион денари, но останува уште да се набави инвентар со што 2800 пензионери ќе имаат каде да го поминуваат слободното време, истакна Моне Ѓеоргиевски, претседател на Здружението на пенизонери Делчево.
 
– Ние инвестиравме наши средства, имаме површина од 240 м2, градежните работи се скоро завршени, деновиве ќе поставиме и парно греење. Ние очекуваме поголема поддршка од општината за за доопремување на нашите простории и поддршка на нашите активности, рече Ѓеоргиевски.
 
Трајковски им вети на пензионерите дека ќе помогне во доопремување на новите простории, но и во сорабтка со централната власт ќе се издејствуваат средства и за реконструкција на зградата каде што живеат пензионери со ниски примања.

На youtube сервисот се поставени повеќе видеа со информативна содржина за и околу процесот на гласање на претстојните локални избори.

Остатокот од видеата можат да се прегледаат на следната интернет врска тука.

 

Како дел од предизборната кампања за претстојните локални избори, кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и здружената коалиција, Иван Соколов заедно со дел од кандидатите за советници во текот на вчерашниот ден беа во посета на селото Град.

Утрово на фејсбук страната на кандидатот за градоначалник на општина Делчево од СДСМ со промотивни банери беа промовирани повеќе проекти од значење на жителите на селото Ѕвегор.

Во духот на заедничите вредности и принципиелните ставови за заеднички настап на претстојните локални избори во недела, од општинскиот комитет на ВМРО-Народна партија од Делчево организираат заедничко коктел-дружење за сите членови и симпатизери на партијата заедно со сите коалициони партнери.

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево организира голема младинска забава после најавениот митинг на партијата во Делчево кој ќе се одржи на летната сцена во среда 11.10.2017 година со почеток во 20.30 часот.

На денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на општина Делчево, г-дин Горан Трајковски во просториите на општинската организација на СДСМ во Делчево презентираше дел од активностите на владата предводена од СДСМ поврзани со земјоделските субвенции.

Погледнете ја целата изјава во продолжение:

 

Кандидатите за градоначалници на претстојните локални избори во Делчево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, г-дин Иван Соколов и од редовите на СДСМ, г-дин Горан Трајковски во своите предизборни програми како еден од поважните проекти со кој ја бараат довербата на граѓаните на општина Делчево е изградбата на новиот градски пазар.

Визуелното решение за кое што е изработена и техничка документација кое го нуди кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и здружената коалиција, Иван Соколов предвидува мултифункционална градба во чија што градежна парцела се предвидени изградба на покриен градски пазар, голем маркет, ресторан, повеќе деловни простории, паркинг и репрезентативно партерно уредување на целата градежна парцела.

За изградбата на оваа мултифункционална целина Соколов има предвидено 27 милиони денари јавни буџетски пари на општина Делчево и пари обезбедени од јавен приватен партнер. Рокот за изградба на новиот пазар според планот на Соколов е 2021 година.

Дополнително во програмата на Соколов е предвидена и изградбата на Стамбена улица "3" во централно градско подрачје која што е неопходна за опслужување на непречената сообраќајна комуникација за самиот пазар.

Визуелизацијата промовирана од штабот на Соколов изгледа вака:

Во програмата на кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ, г-дин Горан Трајковски дадена е поширока наративен опис со генеза на потребата за реализација на овој проект. Исто така е дефиниран моделот за реализација на инвестицијата по пат на Јавно приватно партнерство. Според визуелизацијата пренесена во видеото подолу може да се забележи дека според визијата на Горан Трајковски Пазарот би имал свој покриен но отворен (странично) дел, помошни простории за самиот пазар, паркинг и партерно и хортикултурно уредување.

Во програмата на Горан Трајковски нема прецизирана финансиска конструкција и износ на чинење на самиот проект.

Рокот за реализација предвиден од Трајковски е исто така 2021 година.

Визуелизацијата промовирана од изборниот штаб на Горан Трајковски е следна.

За промоција на овој значаен проект за граѓаните на Делчево од двата изборни штабови имаат подготвено и соодветна визуелизација за нивната визија за изгледот на пазарот, што може да се проследи во видео пораките упатени за таа цел во продолжение.

 

Кандидатот за градоначалник на општина Делчево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ лично ги покани сите граѓани на Делчево да присуствуваат на големиот народен митинг кој ќе се одржи во среда 11.10.2017 година со почеток во 20.30 часот на летната сцена во центарот на Делчево.

Погледнете ја неговата изјава во целост:

Хемизацијата на почвата и сушата како дел од климатските влијанија се едни од најчестите фактори кои во последните неколку години придонесоа за загрозување на здравствениот билтен на пчелните семејства. Спасот за излез од ваквата состојба пчеларите го гледаат во зголемување на бројот на медоносни култури кои ќе придонесат за поголем принос на пчелата.Студот истотака влијаеше за енормна смртност на пчелите што пак придонесе за намален принос на мед кој годинава руши негативни рекорди само 2 до 4 килограми произведен мед по пчелно семејство. Ова го вклучи алармот кај пчеларите кои се погласно размислуваат за одгледувањето зимска пчела како дел од стратегијата за подобрување на ваквата состојба.Пчеларите од Пијанечко - Благоевградскиот регион кои ги мачат слични проблеми заеднички во Делчево ги договараа чекорите за спас на пчеларството. Инаку здружението Пијанечка Пчела 2 која беше организатор на настанот моментално брои 70 пчелари додека во Пијанечко бројката на пчелари изнесува над стотина.

Кандидатот за градоначалник на општина Делчево од СДСМ, Горан Трајковски на својата фејсбук страна денеска со промотивни банери промовираше проекти за населбата Втори реон во Старо Делчево.

Во свое видео обраќање кандидатот за градоначалник на општина Делчево од ВМРО-ДПМНЕ, Иван Соколов најави изградба на сообраќајна обиколница на градот Делчево,

Погледнете го целот видео обраќање во целост:

 

Во продолжение интегрално го пренесуваме текстот на реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по повод прес конференцијата на кандидатот за градоначалник Горан Трајковски за реформите во образованието во изминатиот период.

Кандидатот за градоначалник од СДСМ во Делчево, Горан Трајковски денеска оствари работен состанок со неколку членови на невладини организации од Делчево.

Притоа беше потпишан Меморандум за соработка во иднина, доколку ја добие поддршката од граѓаните на Делчево на претстојните локални избори.

 

Превземено од фејсбук.

Кандидатот за градоначалник на општина Делчево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и здружената коалиција преку видео порака најави доизградба на кејот на реката Брегалница  во градот Делчево.

погледнете го целиот видео прилог во продожение:

Бошко Васев, успешен и угледен жител на германскиот град Бретен, кој е роден во село Бигла, Општина Делчево, упати своја видео порака на јутјуб каналот со која ја изразува својата сестрана поддршка за кандидатот за градоначалник на Деклево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Соколов.

Г-динот Васев најави и неколку иницијативи за соработка доколку Иван Соколов стане градоначалник на Делчево, во интерес на граѓаните на општината и регионот.

Погледајте го видеото во продолжение:

Ослободување на деловната бизнис клима од стегите на политиката, неселeктивното исплаќање на повратот на ддв како и законот за минимална плата беа едни од клучните теми на разговор на синоќешната средба на Министерот за финансии Драган Тевдовски кој во Делчево се сретна со претставници на бизнис заедницата.

Приватните стопанственици од Делчево на Тевдовски му ги посочија проблемите со кои се соочуваат во насока на одржување на политиката која Владата му ја наметна на бизнис секторот согласно донесениот закон за минимална плата од 12.000 денари. За дел од стопантсвениците одлуката е добра, но воедно и одлука која прави дисбаланс помеѓу работната сила во самите фирми.

Ова според Тевдовски ќе се надмине со надминување на поставените норми за самите работници.

Намалување на неконтролираниот увоз и намалување на данокот од 18 на 5 проценти за ветеринарните услуги беа само дел од барањата упатени до министерот за финансии.

Инаку, освен ова стопанствениците најмногу забелешки имаа и на фирмите кои го злоупотребуваат законот со вработување на инвалидни лица како и злоупотребата на проектот "Mакедонија вработува".

На тема реформи во образованието денеска со своја прес конференција излезе кандидатот за градоначалник на општина Делчево од редовите на СДСМ Делчево.

Погледнете ја целосната изјава во продолжение:

Нашето преубаво и гордо Делчево е во екот на предизборната кампања на двата ривалски политички табори на ВМРО-ДПМНЕ заедно со здружената коалиција наспроти Општинската организација на СДСМ од Делчево.

Во континуитет повеќе години назад во рамки на предизборните кампањи што ги имаат реализирано овие две политички партии, забележлива е една одлика која го издвојува Делчево пред сите други градови од регионот. А тоа е големата љубов и посветеност на организацијата на главните митинзи од страна на ВМРО-ДПМНЕ со нивните коалициони партнери.

На интернет можат да се пронајдат повеќе видеа со кои барем во дел може да се долови атмосферата на самите митинзи на оваа партија иако за да се доживее целосното чувство на еуфорија, човек само може да посака да присуствува меѓу активистите, членовите, симпатизерите но и мноштвото на партиски неопределени граѓани кои ги посетуваат митинзите кои ги организира партијата.

Во продолжение пренесуваме дел од нив.

ВИДЕО -1-

ВИДЕО -2-

 Прегледајте ја нашата галерија на фотографии од минатите години на кои може да се забележат по се карактеристиките на една народна манифестација на сплотеност и енергија за напредок.

ozio_gallery_nano
 

Она што се најавува од страна на изборниот штаб на кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Соколов за претстојниот митинг во среда на 11.10.2017 година со почеток во 20.30 часот е дека тоа ќе биде досега најсилниот и најмасовен митинг кој што бил организиран некогаш во минатото на партијата во Делчево

Околу 20 грла на добиток препуштени сами на себе како преку ден, така и во текот на ноќта, прават вистинска опасност на патот Каменица Кочани.

Опасноста е дотолку полоша заради непреглениот терен и лошите услови на патот. Кравите најчесто може да се забележат кај месноста Драки и во тој дел се препорачува доста внимателно возење.

Загрозени возачи и загрижени граѓани често реагираат до надлежните органи, но до сега нема никаква реакција во насока за решавање на овој секојдневен проблем.

Во населените места максималната дозволена брзина ќе биде 50 километри на час, а не 60 како досега. Ова е предвидено со најновите измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата кои стапуваат во сила денеска.Измените предвидуваат и други новини кои се однесуваат не само на граѓаните, туку и на правните лица, велосипедистите, таксистите,… Со нив воедно, постојното законско решение се усогласува со Законот за прекршоци и со европската регулатива.

Човечки череп и коски најдени се во местото Црвен Брег, во близина на депонија за градежен отпад во Берово.

Како што е наведено во полицискиот билтен, завчера околу 14:30 часот во Полициската станица Берово, А.С. (43) од Германија, со престојувалиште во Берово, движејќи се во местото „Црвен Брег“, во близина на депонија за градежен отпад, забележал дел од череп кој наликувал на човечки.

По вчерашниот извршен увид од екипа од ПС Берово во непосредна близина пронајдена била и вреќа во која имало коски кои наликувале на човечки. Коските биле подигнати од местото на настанот од страна на увидна екипа од ПС-Берово за понатамошна постапка.

На фејсбук утринава се појавија неколку фотографии на кои се прикажани двајца основачи на ВМРО-ДПМНЕ.

Едниот е актуелниот градоначалник на Делчево г-динот Дарко Шехтански, кој во својата рана младост беше еден од основачите на Општинскиот комитеет на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево, а другиот е Иван Соколов кој тековно е во трка за градоначалничката позиција што треба да ја превземе од Шехтански, на претстојните локални избори.

Овие двајца маркантни политички дејци од времето на осамостујувањето на Република Македонија, имаат многу што да разговараат, меѓусебе но сигурно најважна од темите е борбата против деструктивните политики врз македонските национални интереси,  кои што раководството на СДСМ и Зоран Заев ги спроведе во изминатите повеќе од 100 дена.

Од интерес на граѓаните на Делчево е секако дали ваквите политики кои што актуелната Влада на Зоран Заев ги спроведува на национално ниво ќе се преточат исто така и на локално ниво преку кандидатот на СДСМ за градноначалник на Делчево, г-динот Горан Трајковски, за што останува да видиме во претстојната политичка трка.

 

 

Сегашниот и кандидат за градоначалник на општина Македонска Каменица Дарко Митевски оствари средби со членови на Здружението на пчелари и со фолклорни работници од Македонска Каменица.

На овие средби беше потврдена досегашната успешна соработка, а беа претставени и неколку нови проекти од победничката Изборна програма 2017-2021, во која е предвидена силна поддршка за невладиниот сектор и за сите чинители кои допринесуваат за развој на одделни сегменти од општествениот живот во Македонска Каменица или ја промовираат општината во државата и светот.

Најчитано: Флеш- Политика

loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна