Во четврток 24-ти Мај 2018 година во чест на Светите браќа Ќирил и Методиј ќе се празнува големиот празник посветен на сесловенските просветители, но и патрон празник на нашиот град.

Во организација на Општина Делчево по седми пат од своето постоење ќе го одбележи овој ден во својство на патрон и заштитник на Делчево и Делчевчани.

Свечената програма предвидена во рамки на настанот е следна:

8:00 - 10:00 ч –Свечена литургија во крстилницата „Св. Наум“ дел од црквата во изградба „Св.Кирил и Методиј“

10:00 -10:30 ч- Литија од црквата „Св.Кирил и Методиј“ до параклисот посветен на свети Климент Охридски, во дворот на СОУ „М.М.Брицо“

10:30 - 11:00 ч.- Oтворање на изложбата „Словенските апостоли св. Кирил и Методиј“   проф.д-р Александар Атанасовски, рецензент на изложбата ( автори  Зоја Богдановска - виш кустос историчар и д-р Снешка Лакалиска-виш кустос историчар на уметност во Музеј на град Скопје) во фоајето на Спомен-домот АСНОМ

11:00 - 12:00 ч. - Свечена програма  во салата од Спомен-домот АСНОМ

12:00 - 13:00 ч. - Свечен коктел

Празникот на Светите браќа Кирил и Методиј за првпат започна да се реализира во 2012 година на иницијатива на Митрополитот Брегалнички г-дин Иларион а по донесена Одлика од страна на тогашниот Совет на општина Делчево со која овој ден го доби овој посебен статус во нашиот град.

За текот и одбележувањето на празникот во минатото можете да прочитате повеќе тука, во рамки на нашата хронолошка архива на позначајните настани од поновата историја на Делчево и регионот.

 

Најчитано: Флеш- Култура

loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна