Скандалозната "Годишна програма" на Министерството за (не)култура на Република Македонија во изминатите неколку денови се судри со еден голем (навистина) голем проблем.

loading...

Откако членовите на Македонскиот инди-панк рок бенд и култен бренд на македонската андерграунд сцена "Бернајз пропаганда" си го прочитаа своето име во листата на уметници кои добиле финансиска поддршка преку овој социјалистичко- неодржлив и крајно безидееен документ (наречен ПРОГРАМА), започна падот на овој т.н. државан апаратус на "милостиња" офарбана како "поддршка".

Познавајќи го Васко-Бумбикс уште од "праисторијата" на Македонското андерграунд битусување во раните 90-ти, многумина во Министерството ќе се покаат за она лошо што му го имаат направено на бендот, преку шпекулативно и неконтролирано работење во рамки на самиот (споменат) гломазен државен апарат, во бирократските кулоари на зачмаените фотељаши и играчи на  Солитер-карти и слични денгубачки игри.

Па згора на се нашле со физичко обезбедување да ги исфрлаат членовите на бендот од ЈАВНИТЕ простории (на сите граѓани) на "Министерството". за (не)култура.

Веруваме дека ни самите поединци кои тоа го имаат направено не се свесно во што се впуштиле. Но одговорноста не треба да престане тука, затоа што тие боединци се претставници на оваа (сега таканаречена) институција која "фатена со рацете во медот" се однесува како "девица" после најперверзен секс.

И се ќе биде во ред доколку во државата постојат само таквите чипирани поединци кои во своите мозочиња мислат дека работат за доброто на народот.

Но реалноста е друга а името Бернајсз пропаганда не е име од гласачко ливче врз кое ќе се испоганиме сите ние на наредните (кога и да биле) избори.

loading...

Името Бернајз пробаганда е точно тоа што звучи....

А Бога ми звучи надалеку и нашироко.

Искрено на сите овие "министерски штази продолжени раце" што ги исфрчаче Васко и компанија од министерството им посакувам да го преслушаат следниот музички албум на бендот и таму да си го пронајдат своето место во историјата.

Од наша страна можеме само да повикаме надлежните во Министерството за култура на Република Македонија да си ги преиспитаат методите и практиките врз основа на кои прават пародија од парите на граѓаните кои заслужуваат да бидат потрошени на вистински начин од интерес на вистинската уметност.

А на членовите на бендот да бидат достојни на она што го работат, затоа што навистина се светла точка на оваа генерација народец.

П.С.На уметноста не и треба поддршка во пари, туку во разбирање!

loading...

Најчитано: Флеш- Култура

loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна