Сума:

Во Делчево на свечено чествување беше одбележан еден од најзначајните датуми од Македонската историја, денот на раѓање на апостолот на Македонското револуционерно дело, Гоце Делчев.

loading...

Пред споменикот на патронот на нашиот град, се одржа пригодна свеченост во чест на ликот и делото на душата на Македонската револуционерна борба.

Реферат за ликот и значењето на Гоце Делчев читаа членовите на КУД "Гоце Делчев" од Делчево, по што делегации и претставници на различни институции, здруженија на граѓани, политички партии и други групи на граѓани положија букети со свежо цвеќе пред споменикот на Делчев.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во делчевскиот совет излезе со своја порака на фејсбук во врска со денешниот ден која ја пренесуваме во целост во продолжение:

loading...

-"'Животот и делото на патронот на нашиот Град, големиот Гоце Делчев се светол патоказ на сегашните и идни генерации Македонци кои искрено веруваат и константно работат во насока на нивно негување и унапредување.
Македонскиот народ денеска како и во многу судни моменти и периоди од своето постоење низ историјата е соочен со можеби најголемиот предизвик за своето постоење.
Опстанокот на Македонскиот народ во својата слободна и независна држава Република Македонија е основно човечко право дадено и гарантирано од Бога пред се, пресликано во највисокиот правен акт на државата.
Македонскиот идентит постоел и ќе постои.
Нашата заедничка борба никогаш и не престанала.
На денешен ден пред 146 години се роди Гоце Делчев, блесна една од најсјајните ѕвезди на македонското револуционерно небо.
Овој ден е светол ден од Македонската историја кој останува во нашите срца да биде пламен кој ќе ја осветли просперитетната иднина на нашиот народ.
МУ БЛАГОДАРИМЕ ЗА НЕГОВОТО ДЕЛО ЗА МАКЕДОНИЈА.
НЕКА Е ЧЕСТИТ И ВЕКОВИТ СПОМЕНОТ НА ГОЦЕ.
"

Во продолжение погледнете ја нашата галерија на фотограгии од денешниот настан:

loading...

ozio_gallery_nano

Најчитано: Флеш- Култура

loading...
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?

 


 

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна