Сума:

Најубав пример дека денот по утрото се познава е денешното празнување на Светото Богојавление "Водици" во Делчево. Прекрасно зимско сонце со препознатлива утринска свежина специфична за убавината на нашето Делчево, уште од изутрина ги галеше двата брегови на реката Брегалница. А самата река како да предосеќаше дека ќе биде главен актер во она што денеска требаше да се случува.

loading...

Кротки и цврсто решени погледи од најраните утрински часови итаа кон градската црква "Успение на пресвета Богородица" да бидат дел од воспевањето на славата Божја во овој Божји храм. Утринската Божествена литургија во сеслужителство на намесните свештени лица со својата убавина и мироточен дух сама по себе е приказна која не се раскажува со зборови. Граѓаните на Делчево кои со своите срца во целост го исполнија овој духовен храм собрани на едно место се богатство на кое човек може да се радува и да се воплоти во едно.

Пленува срце глетката на овие кротки лица кои со љубопитност и жар се соочуваат со неповторливиот фреско-живопис на градската црква во Делчево.

По литургијата следуваше дарување на икони од светата црква причест и панагии за присутните граѓани. 

Пред Божјиот храм пријавените кандидати за пронаожање на светиот Крст, нестрпливо ги очекуваа своите десет минути. Оваа година за восхит и радост беа пријавени над 40-тина лица, млади делчевчани и од околните села, кои во слава на името Божјо ќе влезат во студените води на Брегалница. Помеѓу нив и неколкумина учесници кои во претходните години го имаат фаќано светиот Крст.

И сето тоа во слава Божја, за сведоштво на светото Богојавление-силната небесна светлина која навистина како Бел Гулаб слета над нашиот град. Да ги освети водите на реката Брегалница.

Откако завршија планираните верски обичаи во самата црква, во свечена Водична литија се построија присутните граѓани на чело со најмладите.

Преубава порака да им пренесат на огромниот број на граѓани кои веќе се беа собраче околу мостот на река Брегалница во централното градско подрачје.

-"Доаѓа светиот Крст..."

loading...

Свечениот чин на полагање на крстот во студените води на Брегалница е настан кој секој жив човек барем еднаш во животот треба да се најде помеѓу овој народ за да ја доживее оваа убавина и топлина која се осеќа на овој празничен ден.

Оваа година среќата и Божјата промисла му беа наклонети на 16 годишниот Кирил Георгиевски од Делчево, кој иако првпат учествува во овој настан највешто се снајде во моментот, да го подигне дрвениот крст високо кон небото.

Прекрасно, аплаузи, "браво, секоја чест..."

Ова е момент во кој срцето затреперува од милина за општата среќа и задоволство помеѓу присутните.

Од страна на отец Атанас Поповски во име на делчевското архиерејско намесништво беше објавено осветувањето на сите води ширум православието и посака здраје и среќа за сите Делчевчани.

Градоначалникот на општина Делчево г-дин Горан Трајковски на среќниот пронаоѓач на светиот Крст му го честиташе овој личен успех, при што ја истакна важноста за продолжување на оваа убава народна и црковна традиција. Од општина Делчево среќниот пронаоѓач на крстот традиционално е даруван со парична награда.

Отец Александар Васев им се заблагодари на сите учесници кои помогнаа за беспрекорното реализирање на овој прекрасен настан.

Од страна на приватната компанија "Зегин" кои се покровители на настанот на среќниот пронаоѓач на крстот му доделуваат материјална награда телевизор. 

По свечениот чин светиот Крст беше однесен и положен пред олтарот во градската црква, каде први пред нековата светост се поклонија свештените лица од делчевското архиерејско намесништво, Градоначалникот на општина Делчево г-дин Горан Трајковски, Претседателот на Советот на општина Делчево г-дин Драган Маневски, Пратеничката во Македонскиот парламент г-ѓа Мира Стојчевска и мноштво други граѓани кои беа присутни.

За крај на официјалниот дел од настанот отец Александар Васев во име на светата црква на среќниот Кирил Георгиевски му ја дари највредната награда, Светото писмо, кое ќе остане во семејството на Кирил долги години како највреден дар во спомен на оваа денешна чест.

Во Делчевското архиерејско намесништво овој настан се одбележува и во селата Разловци, Вирче, Град и Ѕвегор.

Делчево е лулка на традицијата, расадник на богат и раскошен дијапазон на духовни вредности, кои чинат да бидеме уникатни и единствени.

Љубовта и сплотеноста на овој светол ден нека бидат сведоштво за сите наредни денови и времиња, во кои овој народ ќе живее во заедништво и благосостојба на дихот.

Бог се јави, навистина се јави.

Нека е за многу години.

loading...

 

Најчитано: Флеш- Култура

loading...
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?

 


 

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна