Свештениците при храмот „Успение на Пресвета Богородица" Делчево по повод големиот христијански празник Богојавление- Водици, ги известуваат сите верници кои ќе земат учество во фаќањето на светиот крст да достават потврди од матичните лекари за нивната здравствена состојба до свештенството при храмот.

 

loading...

На сите учесници им укажуваме да се однесуваат пристојно и во духот на нашата православна вера.
Денот пред Богојавление- Водокрст (18. Јануари) е строг пост (на вода), а во петок, на Богојавление- Водици (19. Јануари), не се пости, односно се блажи.

Распоред на богослужбите:

18. Јануари

Царски часови, Вечерна Богослужба и Водосвет во храмот "Пресвета Богородица"

19. Јануари

07:00 часот Утринска Богослужба,
08:00 – Света литургија,
09:00 часот – лицитација на икони и Светиот крст,
09:30 часот – Богојавленски водосвет на мостот на река Брегалница во центарот на Делчево,
10:00 до 10:30часот – спуштање на Светиот крст во водите на река Брегалница,

loading...

20. Јануари
07:00 часот – Утринска Богослужба
08:00 часот – Света литургија


21. Јануари
07:00 – Утринска богоалужба
08:00 – Света литургија

За оној што ќе го извади Светиот крст од водите на река Брегалница, Општина Делчево на чело со градоначалникот Горан Трајковски ќе додели паричен надомест во висина од 10.000 денари. За среќниот фаќач на крстот награди се обезбедени и од традиционалниот спонзор " Зегин" кој доделува телевизор.

За чесниот фаќач на крстот Црквата ќе му ја додели најсветата црковна литературна содржина "Свето писмо". Пожелно е по фаќањето на Чесниот Крст сите повторно да се упатат кон Црквата како достинствено би го одбележале Христовото крштевање.

Што се однесува до лицата кои имаат „панагии“, ги потсетуваме истите да ги донесат во храмот во пристојно време, а исто така сите родители кои сакаат да ги "причестат" децата до 7- годишна возраст тоа можат да го сторат без претходна подготовка, без пост и исповед.

Бог се јави, навистина се јави!

Храм Успение на Пресвета Богородица

loading...

Најчитано: Флеш- Култура

loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна