Ако денот по утрото се познава кај сите останати, во село Ѕвегор денешниот ден по вчерашниот се позна'. Затоа што секоја година на 13 Јануари во доцните ноќни часови се прават последните подготовки за она нешто кое се очекува цела година.

loading...

14-ти Јануари утрото во селото Ѕвегор започнува со тивок шепот негде веднаш после полноќ: -"Станувај сурваскар, некој, ега те пушка р'гне"...

А не знае домаќинката дека сурваскарот воопшто не легнувал да спие...

Брдничавите панталони легнуваа како чаршав за јувки на ливада, само по рапави... Ако...

Тие се единствен спас за свирежот на суровата Кал'чка штотуку изделкана од некоја крива врба-на врв брда. Мрда!

А свирежите многу да му се сневиди... Минатата година чинам бајаги тешка била. Зли духови колку што ти душа сака... Ама ако... Сурова е денот кога во Ѕвегор-Ѕвегорци прогласуваат бој против злите духови. Се разбегаа кутрите, џаде фатија во неповрат.

И откако брдницата си го најде својот стопан, пепелта, сувите пиперки, неузрнетата пченка, кошарите со сено, вилите, смешното кандило со чудниот темјан? застанати во работните раце на гордите Ѕвегорци, пополека низ селските сокачиња почнува танцот на сенките и смрзнатите воздишки. Река од гротескни ликови маскирани како за патување кон крај на светот, се слеваат кон селскиот дом да го започнат театарот кој во ова село како никогаш и да не завршил... На скромната светлина која од хоризонтот на другата страна на светот пополека почнува да раѓа нова живост во ова Пијанечко село, како темни силуети почнуваат да шараат новите актери на старата приказна. 

По некоја песна, ситна пцовка, здраво-живо за бериќет на годината... Започнува да вергла машината наречена Ѕвегорска Сурова 2018 година. Оваа година групата составена од 70-тина не толку строго дефинирани карактери го започнува својот репетитивен од', по којзнае кој пат почнувајќи секогаш од истата куќа.. Студот кој што беше налегнал над плеќите на планината Влаина, и тој се раскрена... Секако во тоа нешто помогна "жешката" Ѕвегорска ракија која како секоја година и минатата година недостигаше поради "големата суша" која ги зафати овие простори... А домаќините што се наоѓаат први во тефтерите за данок оваа година веќе беа на нозе да си го "отплатат" својот дел кон државата чие што име иако никаде непишано никој нема смелост да се осуди да го менува.

 

Данокот се состои од ракија, јаболки, ореви, компир, месо, грав,, шарени бомбони, шеќер и по некоја пара... Најмладите и најсилните суроваскари беа задолжени за носење на компирот, јаболките, гравот... За прибирање и носење на ракијата во селото одеднаш снема садови па суроваскарите мораа да се снаоѓаат на импровизиран начин со нејзино пиење... За да не останат домаќините сомничави дека не им ја "аресале" ракијата...

 Пополека и кучињата во селото почнаа да се будат, на кои за време на Сурова им е најтешко. Дека функцијата им е загрозена како чувари на имотот и куќите, на кои пред налетот на суроваскарите им нема "одбрана".

Првиот одмор (од нога) што се вели е задолжителен зошто до крајот на денот тоа е единствениот одмор кој им следува на учесниците на оваа т.н. голема свадба. со гревање на сонцето веќе на четврт небо суроваскарската поворка почнува да го добива својот препознатлив лик и ритам на случување.

loading...

Ниту една куќа не смее да биде одмината. А пред куќи-трпези. Колку куќи толку седенки, здравици, благослови и поздрави. Специфичниот деликатес "Пача" се погоди оваа година. А Пача се знае како "лизга" со ракија. Зурлите и тапаните добиваат на својата жестина. Домаќините сакаат да заиграат со суроваскарите. Најмногу со Циганките. Домаќинките сето тоа го набљудуваат со пола поглед. Годината пред нас ќе биде даровита. Оваа Ѕвегорска сурова беше прибежиште на две мечки и едно мече. Мечкарите задоволни од даровите за мечката. Одвреме навреме невестата и младоженецот ги снемуваше од поворката и секогаш кога се враќаа, невестата некако се држеше за половината... Млада невеста со ишијас не е можно да се згоди, иако во Ѕвегорска сурова се е дозволено.

Пополека свадбарите пристигнаа во домот на овогодинешниот кум. А таму и од пиле млеко... Ракија де! (Млеко не се пие одамна на овој ден). И повторно тапани, зурли, ора, здравици, благослови итн...

Така до последното домаќинство...

Откако беше поминато целото село, редно време беше невестата да се однесе да се напие вода на селската чешма...

И токму сега почнува она што се вели "Суроваскарска мудрост на кал'чката".

Три-Четири: Суровааааа! Три-Четири: Суровааааа! Три-Четири: Суровааааа!

Детали за она што следуваше нема да Ви пренесеме. За сите љубопитни наредна прилика да го доживеат ова автентично културно и традиционално изворно добро догодина на истиот датум и на истото место. Со новиот кум Антонио Цветковски.

На сите жители на селото Ѕвегор од се срце им посакуваме среќна и бериќетна стара нова година. Да не' радуваат како од памтивек, така и во иднина... Онака како што тие знаат и умеат.

Ова богатство, оваа убавина, не може со зборови да се опише. Затоа уште од сега ги покануваме сеите добронамерници да присуствуваат на наредната Ѕвегорска сурова која ќе се одржи на 14-ти Јануари 2019 година.

Здравје, среќа, мир и благосостојба на сите Македонци, каде и да се...

Три-Четири: Суровааааа! Три-Четири: Суровааааа! Три-Четири: Суровааааа!

Во продолжение погледнете ја нашата галерија на фотографии од Народниот карневал под маски "Ѕвегорска сурова 2018".

loading...

ozio_gallery_nano

Најчитано: Флеш- Култура

loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна