Педесет години по издавањето на неговиот антологиски незаборавен деби албум за март 2018 година е најавено постхумно издание на нов албум на Џими Хендрикс.

Компилација од необјавени снимки на песни од Џими Хендрикс од периодот помеѓи 1968 и 1970 година лои што се воедно и последните години од животот на оваа музичка легенда ќе бидат објавени под името "Both sides of the sky" (Двете страни на небото).

Изданието кое што ќе содржи 10 претходно необјавени и воопшто непреслушани песни од од Џими Хендрикс е најавено да излезе на 9-ти Март 2018 година.

"Двете страни од небото" е трето продолжение во постхумната трилогија на албуми од Џими Хендрикс, кое што следува по изданието во 2010 година насловено како "Долини на Нептун" (Valleys of Neptune) и изданието "Луѓе, Пекол и Ангели" (People, Hell and Angels) од 2013 година.

Продуценти на новиот албум на Џими Хендрикс е Еди Крамер (Тон инжинер кој работел цело време со самата легенда на снимање на неговите албуми) заедно со Џон Мекдермут и Џени Хендрикс (сестрата на Џими Хендрикс).

Колку е ова значајна и по малку неверојатна информација за сите Вас?

loading...

Најчитано: Флеш- Култура

loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна