Сума:

На денешен ден (8-ми декември 2004 година) во Колумбус, Охајо  беше застрелан по што им подлегна на повредите еден од најзначајните хеви метал гитаристи кои некогаш постоеле на светската музичка сцена.

Darrell Lance Abbott многу попознат како Dimebeg Darrell  е роден на 20-ти август 1966 година во Арлингтон, Тексас. На 12 години ја добива првата гитара (Кес Пол-Хондо стил) со мал засилувач на звукот, На 14 години неговата демо снимка е одбрана меѓу најдобрите 15 од вкупно 150 апликанти, по што е поканет да настапи на свена во Далас на настан на кој што бил прогласен за најдобар гитарист од таа област. Заедно со неговиот брат Вини Пол (Vinnie Paul) се основачи на светски познатата и една од најзначајните хеви метал музички групи Пантера.

За влијанието и наследството кое го има остварено и оставено зад себе Дајмбег Дарел може да се прераскажува надолго и нашироко. Начинот на создавање и свирење на добро познатите хеви метал рифови и едни од најдобрите соло делници кои што некогаш биле создадени во хеви метал историјата му се препишуваат на овој човек кој со сиот свој жесток и нескротлив дух ги испиша едни од најсветлите страни на музичката историја кон крајот на осумдесетите и целите деведесети години од минатиот век.

Неговата музика создадена заедно со останатите членови на Пантера ќе остане засекогаш светло сведоштво на еден музички гениј на алтернативна музика со огромна енергија, креативност и виртуозност.

Дајмбег Дерел по напуштањето на Пантера заедно со својот Брат Вини Пол го основаа бендот Demage plan со кој издадоа еден албум, на кој доминантно место имаше самиот Дајмбег со својот препознатлив гитарски звук. На својата концертна турнеја во САД на 8-ми Декември 2004 година Дајмбег беше застрелан на сцена од еден од посетителите на концертот. Причините за убиството на еден од најзначајните гитаристи на нашето време и не се толку важни! Важно е што сите ние кои израснавме со неговите гитарски и соло делници загубивме дел од себе во таа кобна студена ноќ!

Го убија човекот но неговиот дух остана да живее преку неговото импресивно дело и неговиот ведар спомен кој што го оставаше секаде каде што се појавуваше.

Најчитано: Флеш- Култура

loading...
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?

 


 

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна