Во времиња кога сите зборуваат за правда, праведност, правичност, вина-невина, судии и судови, на пат кон сезнаењето, егоизмот и самобендисаноста речиси сите знаат да судат за другите, без притоа да си погледнат во сопствениот двор.

 

Не случајно фразата "Да му умре козата на комшијата" на овие простори се доживува како највисок општествено- морален филозофски факт!

Затоа прочитајте што имаат да кажат за овие појави луѓето чиј што зборови се чини ќе ја надживеат нашата секојдневност и инертност.


cotrica

Им се суди и на невините. Пред законот сите се еднакви.

Александар Чотриќ


tolevskiv

Нашиот виновник има имунитет. Затоа не може да биде виновник.

Васил Толевски


baljakaleksandar

По затворите има и невини луѓе. Ама тоа се изолирани случаи.

Александар Баљак


karadaki

Таму каде што има закон и ред – нема Македонци!

Иван Карадак


rajkovic veljko

Кај нас непишано правило е да ги кршиме пишаните правила.

Вељко Рајковиќ


siljanovski ljupcho

Кога виде каква правда имаме, небесната мораше да се јави.

Љупчо Силјановски


macic ekrem

Ги задоволивме судиите. Сега правдата е на наша страна.

Екрем Мациќ


dolinskiv

"Држете го виновникот" веќе не помага. Држи се, народе!

Витомир Долински


gjergovikjrade

Правдата мора да биде задоволена, ако треба и ќе ја силуваме.

Раде Ѓеровиќ


gjorgjijoskim

Нашите судии никого не потценуваат. Секој може да ги купи.

Миле Ѓорѓијоски