Сума:

За водачите се испеани многу песни, многу приказни се раскажани, многу книги напишани. А сепак никогаш доста! Во животот на обичните "смртници" отсекогаш било потреба да се создаде стереотип на човек кому ќе бидат препишани сите придобивки на едно успешно реализирано време. Но исто така Водачот бил тој кој требало да биде "исвиркан" од толпата ако нешто не е во рамките на нормалната контрола и очекувања. 

 И во двата случаи водачот постои со причина. Ние во продолжение на оваа наша рубрика на сатиричен начин ќе се обидеме дел од тие причини да ги афирмираме.


***

baljakaleksandar

Големиот водач е звезда што сјаје во темницата што ја прави.
Александар Баљак


**

cotrica
Водачот е слеп, ама тоа нема кој да го види.
Александар Чотриќ



**

gjorgjijoskim

Тоа што водачот е слеп, не е негов, туку наш хендикеп.
Миле Ѓорѓијоски
**


gjergovikjrade
Кога водачот е слеп, сеедно е на каде го води народот.
Раде Ѓерговиќ



**

karadaki

Овде нема место за големи водачи. Ние сме мала држава.
Иван Карадак



**

nestorovicninush

Водачот е камен темелник на модерна Србија. Треба само да го ставиме в земја.
Нинус Несторовиќ



**

tolevskiv

За водачот треба да избереме некој што знае да зборува со мртвите. Так полесно ќе се разбере со народот.
Васил Толевски



**

otasevicg

Водачот ја рани целата влада. Сите му јадат од рацете.
Ѓорѓе Оташевиќ



**

markoviczheljko
Водачот постана она што му треба на народот. Држава.
Жељко Марковиќ



**

dolinskiv
Водачот ни е како Шехерезада. За да се спаси секој ден ни исмислува нови приказни.
Витомир Долински


 

Најчитано: Флеш- Култура

loading...
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?

 


 

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна