Основната моќ на афоризмите не е да не' насмеат, туку да ни помогнат да се вратиме од патиштата кои не водат никаде.

Смеењето е попатно гратис да не ни биде досадно кога се враќаме. Во денешното прво вторнично издание на рубриката Македонска афористична ризница започнуваме со десет одбрани македонски автори на слободна тема. 

Рубриката ќе се емитува секој вторник на нашиот интернет портал. Изборот на афоризми е на Миле Ѓорѓијоски а карикатурите на авторите се создадени специјално за оваа намена од страна на неповторливиот карикатурист Миро.

Уживајте, смејте се ако смеете и мислете како да се вратите....

krlevski

Се најдов во небрано лозје. Го обрав бостанот!

Атанас Крлевски


dokule

Со празен стомак не се влегува  ниту во – wc.

Блаже Докуле


tolevski

Кому ќе му падна секирата во мед, брзо станува државна мечка.

Васил Толевски


dolinski

Во комунизмот одумре државата,  во демократијата се повампири.

Витомир Долински


vilazorski

Во право се некои наши соседи. Ние сме за нив измислен народ.

Димитар И Вилазорски


eftimgashev

Пред аплаузот плукни им се на рацете!

Ефтим Гашев


janeatanasov

Оние што не знаат за ред секогаш се туркаат во првите редови.

Јане Атанасов


ljupkacvetanova

Не повлекувај линија пред глупавоста. Ќе го сфати тоа како старт.

Љупка Цветанова


natashakjurchiska

Народот што живее од ветувања многу ветува.

Наташа Ќурчиска


gjorgjijoski

Македонија е двојазична земја. На еден јазик зборува народот, а на друг политичарите.

Миле Ѓорѓијоски


Најчитано: Флеш- Култура

loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна