По седум годишна пауза излезе новиот сингл на норвешките блек метал јуришници Dimmu Borgir.

loading...

Песната "Меѓудимензионален самит" (Interdimensional Summit) е втора на листата на песни од претстојниот албум насловен "Eonian", чие што издание е најавено за 4 мај оваа година.

-"Оваа песна од новиот албум, симфониски оркестрираната Mеѓудимензионален самит, доаѓа со видео клип снимен од Patric Ullaeus, кој што претходно има работено со бендот за спотовите на песните  'Progenies of the Great Apocalypse', 'Sorgens Kammer - Del II' и наградуваното видео за 'The Serpentine Offering'."

Според она што може да се слушне во оваа песна верните фанови на овој блек метал бенд ги очекува еден епски разнообразен албум кој што ќе биде трибјут за сите период од 25-годишното постоење на бендот.

Звукот и продукцијата на песната се беспрекорно компактни која што звучи навистина мегаломански во најпозитивна смисла на зборот. Самата концепција и структура во аранжманот на песната не нуди ништо револуционерно и ново, туку претставувасериозен вовед во студиозноста на мрачните хармонии на звукот кој има за цел да допре до што е можно поширока публика, високо надвиснувајќеи се над темните и ограничени хоризонти на андерграунд културата.

loading...

Солото на гитарата во песната е навистина спектакуларно и тематски беспрекорно вклопено во хармоничната структура на целата песна што претставува сериозна конкуренција на впечатливоста на вокалот Шаграт.

Преслушајте ја песнава во очекување на нивната лонгплејка која веруваме дека ќе постигне голем успех меѓу огромниот број на фанови на овој веќе култен блек метал бенд.

loading...

Најчитано: Флеш- Култура

loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна