Осумнаесет жична гитара за прослава на 2018 година??

Колку лудо звучи самата оваа идеја?

loading...

Австарлискиот производител на гитари Пери Ормсби заедно со јутјуберот Џеред Дајнс се здружија за да ја прослават 2018 година со оваа најискрено навредлива 18-жична гитара именувана како Џент2018.

Телото на гитарата е направено од Тасманиско црно дрво, со камен врв на врат (точно читате), со абоносово дрво на вратот на кој се нанесени прагови од камен и школки со вгравирано лого на Џеред Дајнс.

Вратот е составен од осум дела и е засилен со карбонски влакна по должината.

За жал оваа гитара нема да може да се купи во слободна трговија, но ако сте доволно "луди" за да сакате да свирите на некое друго вакво "чудовиште", производителот Ормсби работи со порачки кои чинат околу 3000 долари па можете да си го пронајдете сопственото "лично лудило" во некоја нова ваква креација.

Очекуваме оваа "монструозна даска" да се појави на јутјуб каналот на Џеред Дајнс како музицира, како што самиот најавува на ова промотивно видео на самата гитара во продолжение.

loading...

Најчитано: Флеш- Култура

loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна