Сума:

Во 1979 година во прославениот "Челзи" хотел во Њу Јорк трагично почина од предозирање со дрога светската панк-рок икона Сид Вишес (Sid Vicious).

loading...

Сид стана славен како басист на панк-рок групата Секс Пистолс (Sex Pistols). Оваа негова слава претходеше на неговото активно користење на дроги од најразличен вид, но претходеше и на средбата со Ненси Спунген (Nancy Spungen) која ќе стане неразделен дел од неговиот граток младешки живот.

Кратка биографија

Сид Вишес е роден како Џон Сајмон Ричи (John Simon Ritchie) на 10 Мај 1957 година во Лондон. Како "отпадник" од средно училиште неговиот "панк-рок" изглед беше забележан од Малком Мекларен, основачот на Секс Пистолс.

Откако бендот се распадна во 1978 година Вишес "заглави" во "Челзи" хотелот во Њу Јорк, кој во тоа време беше "прибежиште" на многу неконвенционални уметници, актери, музичари режисери...., заедно со неговата неразделна девојка Ненси. Нивната љубовна врска имала свои подеми и падови за да на крај заврши со убиство во неразјаснети околности на Ненси. За потоа да не помине долго време на 2-ри гевруари Сид Вишес да биде пронајден мртов исто така.

Почетоците

Сид Вишес е една од најмитолошките фигури на големата панк експлозија во 70-тите години на минатиот век. Тој стана познат по својот бунтовен карактер, секогаш на врв на нерви комбинирани со неговата суицидна природа и тенденции. Како тинејџер, познато е дека го напуштил средното училиште, за да се придружи на панк-духот кој во тоа време царувал по улиците на Лондон. Дих на анархија и бунтовност.

Со неговата бодликава фризура, непримерно однесување и одбојничко расположение, Вишес бил сметан за идеална фигура која би се придружила на тогаш водечката панк-рок група Секс Пистолс. Од страна на менаџерот на групата Малком Мекларен беше заменет оригиналниот басист Глен Метлок (Glen Matlock) во 1977 година, со Сид, иако новиот басист воопшто и не знаел да свири на бас гитарата.

loading...

Ерата на Секс Пистолс

Мекларен ги создал Секс Пистолс во 1975 година. Една од водечките силе на панк рок-револуцијата и музика, бендот исполнувал кратки песни изразувајќи гнев и фрустрации против социјалните и политички околности во тоа време. За разлика од музичкиот израз на претходните генерации, групата немала интерес за создавање и продукција на хит песни, туку песни кои претставувале задоволство само за членовите на групата. Уште пред да се придружи Сид Вишес, Секс Пистолс беа познати како бенд кој умеел на креира "мешаница" и препознатливост на сцената.

За време на едно телевизиско интервју во 1976 година членовите на групата искажале толку многу погрдни и несоодветни зборови во преносот во живо што бендот веднаш добил отказ од музичката компанија за која снимале.

Потоа се разбира на групата се придружи Сид Вишес како најголема сензација на бендот. На синглот "Господе спаси ја кралицата" (God save the Queen), пеачот Џони Ротен (родено име Џон Линдон), ја навредувал кралицата Елизабета II, пеејќи дека "таа не е човечко суштество" и дека спроведувала "фашистички режим".

Ова вознемирило многу британци, особено што во 1977 година претстоело одбележувањето на 25- годишнината од нејзиното монархистичко владеење.

Како резултат на овој склоп на околности бендот бил напаѓан на сцена и неможел да најде места за концерти ширум Обединетото Кралство.

Сепак Секс Пистолс успеале да продадат огромен број на аудио изданија на нивната музика, окобено ако се има предвид дека овој сингл бил забранет и многу дистрибутери одбивале да го продаваат нивниот нов албум кој следувал по синглот, насловен како "Never Mind the Bollocks, Here's the Sex Pistols".

Со ваквиот расплет на настаните, ова е тоа што им недостигало на панк-рок фановите кои во масовна бројка преку ноќ станале поклоници на музиката на Секс Пистолс и воопшто културниот идентитет на бендот.

Среќни времиња за бендот
Од лево на десно Johnny Rotten, Steve Jones (тој што потпишува), Paul Cook, Sid Vicious и нивниот менаџер Malcolm McLaren го потпишуваат нивниот нов продукциски договор пред Бакингамската палата во Лондон во март 1977 година.

Сид и Ненси

Истата таа година (1977) Вишес сретна американска девојка по име Ненси Спунген. Двајцата одеднаш станале неразделни. Таа го придружувала Сид на кратката северно-американската турнеја на Секс Пистолс во почетокот на 1978 година. Групата реализирача само осум концерти пред да се распадне. Овој распад на Секс Пистолс од една страна беше потхранет од прекумерното користење на дрога, но и од зголеменото ниво на межусебни несогласувања и конфликти кои вклучувале тензични расправии меѓу Ненси и останатите членови на бендот. Забележано е дека Џони Ротен го охрабрувал Сид да ја напушти Ненси.

По распадот на бендот Сид и Ненси поминале одредено време во Лондон пред повторно да се вратат во Њу Јорк. Претстојувале во споменатиот "Челзи Хотел", каде Ненси во улога на менаџер договорила неколку концерти на Сид, но неговите изведби биле целосен дебакл, поради постојаното користење и дејство на дрога.

Двајцата за кратко време се обиделе да се исчистат од опијати, но пак завршиле под дејство на дрога што вклучувало хероин, барбитурати и синтетичка форма на морфиум.

Трагичниот крај

Во раните часови на 12-ти Октомври 1978 година надолната спирала на двојката го доживеала својот трагичен крај. Сунген била пронајдена мртва во бањата во Челси хотелот. Причина за смртта биле бодежи од нож кој што таа го подарила на својот партнер.. Сид Вишес бил пронајден во ходникот во целосна помраченост и амнезија предизвикана од дејство на дрога. тој цело време кажувал дека не знае што се случило и признал дека ја убил својата девојка. Вишес бил обвинет за убиство од втор степен.

По два дена бил ослободен со кауција, со пари обезбедени од неговата издавачка компанија. Целосно под влијание на смртта на Ненси, се обидел да се самоубие по напуштањето на затворот. По предизвиканата тепачка во еден ноќен клуб во Њу Јорк повторно завршил во затвор. Поминал седум недели во Рикер затворот. На 1-ви Февруари Сид повторно бил ослободен. При прославата на новостекнатата слобода во домот на актерката Мишел Робинсон Сид повторно завршил на користење на дрога.

Наредното утро бил пронајден мртов. 

Причина за смртта-предозираност.

Неговата ненадејна смрт само ја дооформила неговата слика за панк рок икона.

Неговата луда љубов со Ненси била инспирација за филмот "Сид и Ненси" од 1986 годинасо Гери Олдман како Сид во главната улога.

loading...

ozio_gallery_nano

Најчитано: Флеш- Култура

loading...
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?

 


 

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна