Стрип јунакот на кој под неговиот дивјачки и воинствен чекор  се тресеа најголемите и најмоќните царства во времето на невиден мистицизам и јунаштво 10.000 години п.н.е., повторно си доаѓа на своето.

loading...

Конан-Симерјанецот кој е  еден од најпрепознатливите измислени ликови во изминатите 60-тина години според писателот Робер Е. Хауард е најдлабокиот лик опишан во сагата на овој автор за Хиборијанската ера каде доминантно владееле сосема различни закони и сили споредбено со денешните.

Но во основа на тоа измислено време од книгите на Ребер Е. Хауард до денешен ден сепак останале човечките вредности како препознатлив и универзален белег на човечкото постоење секако дефинирани од различни надворешни објективни фактори.

Имено, лиценцата и авторските права за издавање на ликот на Конан повторно им припадна на креативците под капата на Марвел Стрип- компанијата за забава (MARVEL ENTERTAINMENT).

Овој лик ја започна својата непрекината авантура во далечната 1932 година како дел од меч-магија серијата на прказни во "Чудни приказни" (Weird tales). Штом Марвел ја доби лиценцата во 1970 година, авторите Рој Томас (Roy Thomas) и Бери Виндзор-Смит (Barry Windsor-Smith) помогнаа да се оствари претставувањето кон светот на Варваринот Конан. Ова стрип-издание стана интензивно популарно од кое произлегле и други стрип изданија како "Дивјачкиот меч на Конан" на "B&W магазинот", "Кралот Конан", "Авантуристот Конан" и" Дивиот Конан" како и стрип изданијата на Конан во дневните весници. Од 2003 година Дарк Хорс стрип компанијата (Dark Horse comics), работеа да го одржат Конан во живот 15-тина години откако ја добија лиценцата за изданија со ликот на Конан. Нивниот поход започна со изданието "Конан #0: Легендата", по што следуваа 50 изданија со Конан во период 2004-2008 година.

Марвеловиот главен уредник Ц.Б. Цебулски (C.B.Cebulski) во јавноста сподели изјава која се однесува на наследството на славниот лик, Конан и на сите оние кои на свој најсоодветен начин допринеле кон славата на овој лик, особено едниот и единствен Џон Бушема (John Buscema).

-"Од Бери Виндзор-Смит (Barry Windsor-Smith) до Џон Бушема (John Buscema), до Нил Адамс (Neil Adams), легендарна постава на уметници артисти овозможиле живот на Конан на страниците на Марвеловите стрип изданија", истакнал Цебулски.

loading...

-"Тоа е наследство кое што ние ќе продолжиме да го оживуваме со талентот на уметниците кој што го имаме воспоставено за добредојде на Симерјанецот во почетокот на 2019 година", продолжил со возбуда Цебулски.

Во наредниот период дополнително ќе бидат објавени информации во врска со креативниот тим и плановите за објава од страна на Марцел, но двете насловни страни креирани од Есад Рибиќ и Мајк Деодато им сугерираат на фановите што е тоа што може да го очекуваат од Конан во наредниот период.

Стрип-Арт насловна според Есад Рибиќ


Стрип-Арт на насловната според Мајк Деодато


loading...

 

Најчитано: Флеш- Култура

loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна