Ако сте се запрашале што друго има во Либан освен пустина, тогаш одговорот е "жежок" Doom-метал звук.

loading...

Кимера (Kimaera) се "родени" на сцената на малите пабови низ улиците на Бејрут во доцните вечерни саати. од нивните почетоци во 2000 година па до денес тие прераснаа во интернационално име кое што се појавува на музичките сцени ширум светот. Најзначајни од нивните настапи се оние на "Господари на рок"-Чешка Република (Masters of Rock), "Средоземноморскиот гитарски фестивал"- Тунис (‘Festivale Mediteranneen de la Guitare), "Унирок"- Турција (Unirock), и "МХМ"- Украина (MHM).

Прогласени за "Либански амбасадори на DOOM- метал музиката", Кимера помогнале многу за Либан да се најде на светската музичка метал мапа.

Откриени се од страна на руска продукциска куќа (Stygian Crypt Productions) по издавањето на нивниот прв сингл "God’s Wrath" кој што бил во нивна сопствена продукција. Овој моќен сингл добил особено позитивни критики, кој што на некој начин им ги отворил портите на бендот за пробив на нивниот деби албум "Ebony Veiled" во 2006 година, ширум светот. Врз основа на иновативните Doom решенија, Death и Ориентални метал елементи кои се содржани на албумот, ова нивно деби издание било прогласено за "Doom-откритие на годината". Критичарите го опишале како "Вистински опус на убавина и тага".

Следејќи проблеми со константноста на членовите на бендот и нивните промени во составот, успеале да го издадат својот втор албум во 2010 година насловен како "Solitary Impact". Овој албум бил оценет како по мрачен албум од нивниот претходен. Паралелно со албумот бендот во сопствена продукција го направиле и својот прв видео запис за песната "Вкус на предавство" ("The Taste of Treason").

loading...

Албумот и оваа песна го свртеле вниманието на европската метал сцена, особено од страна на магазинот "Метал Хамер" (Metal Hammer Magazine), кој што ги сместил на нивна компилација во септември 2011 година.

Во 2011 година го издале својот сингл "December Ends" за задоволување на апетитот на нивните фанови додека го чекаат издавањето на нивниот трет албум.

Откако потпишале договор со агенцијата "The Flaming Arts" во 2012 година, потпишале за "Eternal Sound Records" од Германија за издание на нивниот трет студиски албум "Harbinger of Doom". 

Ова нивно издание може да биде опишано само како "Револуционерен метал албум". Целосно лојални на регионот од кој што потекнуваат, песните се непредвидливи и полни со гнев.

Со цврсти корени во Doom и Death металот, Кимера ги издигнуваат овие жанрови на ниво на нивен сопствен препоазнатлив жанр.

loading...

 

Најчитано: Флеш- Култура

loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна