Неодамна на јутјуб почнаа да се појавуваа ретки досега необјавени аудио записи од ултра популарниот алтернативен-рок бенд Нирвана. 

loading...

На јутјуб каналот симболично наречен "Набљудувачот" кој е управуван од страна на Џон Парки (John Purkey) поранешен добар пријател на Курт Кобејн, и човек кој надолго и нашироко има зборувано за подемот и падот на Нирвана, се објавени автентични аудио записи од магнетофонски ленти кои што самиот фронтмен на Нирвана му ги има дадено на Џoн.

Покрај овие аудио снимки на овој канал самиот Цон Парки објавува свои кажувања и сеќавања полни со досега непознати информации за бендот и неговите членови, кои што беа на некој начин гласноговорници во секоја смисла на цела една генерација на светската популација, вклучително и во Македонија и во Делчево.

Имено покрај останатите материјали на овој канал Парки објави четири оригинални демо-аудио записи превземени од магнетофонски касети кои што датираат од периодот на 80-тите години од минатиот век. Ова се аудио снимки кои што на некој начин ќе го создадат албумот The Bleach со Дајл Кровер на тапани. Уште поинтересна се снимките кои датираат од пред албумот Nevermind на кои наместо Дјв Гроол на тапани е Чед Ченинг.

Се на се овие снимки се повеќе од два часа суров Нирвана звик, кој што претходно фановите на овој бенд ги немаат слушната во ваква сурова неполирана верзија кои гарантираат автентично Нирвана искуство.

Касета бр.1

-"Ова е првата касета која што Курт ми ја даде. Квалитетот на звукот не е совршен, не не е ни лош. Може да се слуша.Првата песна "Paper Cuts" звуши малку нејасно од почеток но таква беше уште кога Курт ми ја даде. Се навикнав на неа. Пополека звукот се избиструва"- објаснува Џон Парки

0:38 – “Paper Cuts”
05:03 – “Downer”
06:53 – “Beeswax”
09:52 – “Aero Zeppelin”
14:36 – “Floyd the Barber”
17:03 – “If You Must”
21:12 – Spank Thru
24:57 – “Mexican Seafood”
27:06 – “Pen Cap Chew”
30:06 – “Montage of Heck”

loading...

Касета бр.2

00:47 – “Blandest”
04:37 – “Mr. Moustache”
08:23 – “Sifting Instrumental”
13:51 – “Blew”
16:52 – “Spank Thru”
20:08 – “Love Buzz” (Early Single Version?)
23:55 – “Big Cheese”

Касета бр.3

"Ова е касетата која ми ја даде откако ги снимија песните за албумот Bleach"

00:00 – Intro
01:39 – “Scoff”
06:02 – “Swap Meet”
09:17 – “Blew”
12:23 – “Love Buzz”
16:11 – “About a Girl”
19:27 – “Negative Creep”
22:02 – “School”
24:50 – “Big Long Now”

Касета бр.4

Снимена со Чед, во продукција со Бач Виг (Butch Vig). Ова демо е познато како студиско паметно демо. 

00:00 – Intro
00:44 – “Immodium”
04:04 – “Pay to Play”
07:39 – “Sappy”
11:17 – “Polly”
14:19 – “In Bloom”
19:00 – “Lithium” (Mix 6)
23:31 – “Dive”

Аза дополнителни објаснувања во врска со овие касети Цон објави видео клип во кој го објаснува потеклото на касетите.

loading...

Најчитано: Флеш- Култура

loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна